Мајка на 2 деца покажа како го слави разводот: „Ме критикуваа дека патам за внимание од бившиот“

„Многу луѓе мислат дека сакам да му се одмаздам ​​на бившиот, но не е така. Постојат милион начини на кои можев да го направам тоа. Ме критикуваа дека го направив тоа затоа што сум нарцисоидна и барам внимание, многумина рекоа и дека јас сум била проблемот во бракот“, вели Лорин Брук која објави видео на ТикТок како го слави разводот и ја пали венчаницата.

majka-na-2-deca-so-video-na-tiktok-pokazha-kako-go-slavi-razvodot-me-kritikuvaa-deka-patam-za-vnimanie-od-bivshiot-01.jpg

Американката Лорин Брук е мајка на две деца и направи мала забава за да го прослави разводот од нејзиниот сопруг, кој е воено лице, а објави видео на ТикТок во кое покажа како прославила.

Видеото има преку 6 милиони прегледи, но и спротивни реакции – едни ја поддржаа, а други ја осудија.

majka-na-2-deca-so-video-na-tiktok-pokazha-kako-go-slavi-razvodot-me-kritikuvaa-deka-patam-za-vnimanie-od-bivshiot-04.jpg

Таа вели дека се разведува од него бидејќи не можела да ја поднесе постојаната разделеност и неговите чести патувања, пренесе OutKick.

Брук се заљубила во својот поранешен сопруг кога двајцата биле тинејџери, а се венчале во октомври 2012 година.

majka-na-2-deca-so-video-na-tiktok-pokazha-kako-go-slavi-razvodot-me-kritikuvaa-deka-patam-za-vnimanie-od-bivshiot-05.jpg

Но, таа вели дека нивниот брак не бил среќен долго време, главно поради товарот на неговата воена кариера во американската Национална гарда.

„Тешко е да се биде сопруга на воено лице. Притисоците се огромни“, рекла таа и по 11 години поднела барање за развод иако сè уште се надевала дека тие двајца можеби ќе ги надминат проблемите.

majka-na-2-deca-so-video-na-tiktok-pokazha-kako-go-slavi-razvodot-me-kritikuvaa-deka-patam-za-vnimanie-od-bivshiot-08.jpg

Меѓутоа, последната година тие живееле одвоено, а тоа било доволно за да поднесат барање за развод.

Според законот на Северна Каролина, сопружниците треба да се раздвоени барем една година за да може да се разведат.

Откако ги потпишале документите, Лорин организираше интимна забава за да прослави. На забавата таа ги покани мајка си, новото момче и професионален фотограф, па пред сите ја запали венчаницата.

„Што друго требаше да правам со неа? Сигурно нема да ѝ ја дадам на ќерка ми и симболично да го осудам на пропаст нејзиниот иден брак. Па зошто да не ја запалам?“ – вели таа.

majka-na-2-deca-so-video-na-tiktok-pokazha-kako-go-slavi-razvodot-me-kritikuvaa-deka-patam-za-vnimanie-od-bivshiot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg