Мајка на 2 деца покажа како го слави разводот: „Ме критикуваа дека патам за внимание од бившиот“
Освен што го запали фустанот, Лорин газеше и фотографии на кои е со бившиот сопруг.
„Имаше исклучително тешка година и прекрасно е што пак ја гледам како се смее“ – изјавила за медиумите нејзината мајка.
Но, видеото на ТикТок наиде на разни коментари. Многумина сметаат дека ова не е соодветен начин да го одбележи крајот на својот брак.
„Многу луѓе мислат дека сакам да му се одмаздам на бившиот, но не е така. Постојат милион начини на кои можев да го направам тоа.
Критичарите пишуваа дека го направив тоа затоа што сум нарцисоидна и барам внимание, многумина рекоа и дека јас сум била проблемот во бракот.
Но разводот траеше многу долго и целосно ме исцеди, а јас само го прославив фактот дека преживеав“ – додава Брук.
Погледнете го видеото:
@lb_henderson #fyp #dressburning #divorce #next #ido #idid #imdone
♬ sonido original - Yazia 💜🦋
А. Ј. | Црнобело