Чарлс ја однесе до олтарот како да ѝ е татко, таа нема го удостои да дојде на крунисување – Меган Маркл критикувана
- Детали
- четврток, 13 април 2023
„Тоа што ја одби поканата е некултурно и непотребно. Ако навистина е храбра треба да дојде и да застане со исправена глава. Се плаши да не се повтори дебаклот од погребот на кралицата Елизабета кога на преносот ја покрија со свеќа“ – велат познавачите на кралскиот протокол, откако е потврдено дека принцот Хари ќе дојде сам на крунисувањето на неговиот татко Чарлс.
Крунисувањето на кралот Чарлс, што треба да се оддржи на 6-ти мај годинава е топ тема во британските и во светските медиуми, a со месеци наназад се провлекуваше прашањето дали Меган и Хари по сите скандали ќе присуствуваат на свечената церемонија.
Сега, за принцот Хари е потврдено дека тој сам ќе присуствува на овој важен ден за неговиот татко, додека Меган и двете деца ќе останат во САД.
„Бакингемската палата со радост потврдува дека Војводата од Сасекс ќе присуствува на церемонијата за крунисувањето во Вестминстер Аби на 6-ти мај. Војвотката од Сасекс ќе остане во Калифорнија заедно со принцот Арчи и принцезата Лилбет“ – стои во официјалното соопштение од кралското семејство.
Како што пишуваат британските медиуми, Меган одбила да присуствува, не затоа што чувствува грижа на совест заради скандалите од изминатиот период, туку заради тоа што датумот на крунисувањето се поклопува со уште еден многу важен ден во нивните животи.
Имено, на 6-ти мај принцот Арчи ќе го прослави својот 4- ти роденден, а ова било клучно за парот да одлучи дека Хари треба да оди на крунисувањето сам, а Меган да остане во САД и таму да го прослави роденденот на својот син.
Според известувањата, ниту еден од внуците на Чарлс, освен принцот Џорџ, нема да присуствува на церемонијата затоа што сметале дека 90-минутното крунисување би било премногу истоштувачко за малите принцови и принцези.
Познавачите на кралскиот протокол велат дека тоа што Меган ја одбила поканата е некултурно и непотребно и дека ако навистина била толку храбра, како што тврди дека е, тогаш би присуствувала на церемонијата со исправена глава.
Други пак, велат дека Меган сака да го избегне дебаклот од погребот на кралицата Елизабета, кога за време на телевизискиот пренос нејзиното лице беше прекриено со голема свеќа.
За потсетување, за време на документарниот филм на Нетфликс, Меган накратко зборуваше и за нејзиниот однос со Чарлс, па рече:
„Татко му на Хари е многу шармантен и се сеќавам дека му реков: ‘го загубив татко ми откако сум со Хари’. Затоа неговата улога како мој свекор ми беше многу важна, па го замолив да ме однесе до олтарот и тој прифати“.
Пред пет години, Чарлс ја однесе Меган до олтарот на денот кога таа се омажи за принцот Хари, а сега дел од изворите што се блиски до кралското семејство, тврдат дека наводно идниот англиски крал е разочаран затоа што на денот што толку долго го чекаше, нема да присуствуваат Меган и внучињата од Хари.
Б. С. Б. | Црнобело