„Постојано ме споредуваат со Кара Делевињ, тоа ми го уништи љубовниот живот“
- Детали
- среда, 05 април 2023
Рајли Харисон вели дека луѓето секогаш ја мешаат со моделот и актерка Кара Делевињ, поради што нема нормален љубовен живот. Мажите ѝ пишуваат на апликациите за запознавање и фантазираат дека таа е славниот модел, а на Рајли ѝ се гади од нивните пораки.
Рајли Харисон (25) многу личи на Кара Делевињ, но ѝ пречи да ја споредуваат со моделот. Иако вели дека во минатото ѝ годело кога некој ќе ѝ кажел дека потсетува на Кара и дека споредбите ѝ ласкале, сега се бори против тоа, особено ако комплиментите доаѓаат од мажи кои единствено се опседнати со тоа да бидат со некој што е славен и познат.
Таа признава дека сепак ѝ е благодарна на Кара, бидејќи поради неа решила да ги задржи своите густи веѓи, кои сакала да ги депилира кога имала 16 години.
Сега, дури и луѓе на улица ѝ велат дека личи на ѕвездата, а освен веѓите и погледот, ѝ кажуваат дека има иста форма на устата со Кара.
Некои одат дотаму што ѝ препорачуваат да направи ДНК тест за да провери дали има семејна поврзаност со Делевињ.
Но, Рајли признава дека ја иритира фактот што секојпат кога ќе излезе, некој маж ѝ приоѓа и пробува да ѝ се додворува кажувајќи ѝ дека личи на Кара.
„Јас сум Кара Делевињ, но со поголеми гради. Луѓето постојано доаѓаат и ми велат дека личам на неа. Ми ласка.
Но, истовремено и ме иритира кога се обидувам да се запознаам со некој маж, а тој е фиксиран на неа наместо на мене. Ова ми го уништува љубовниот живот“ – вели Рајли.
25-годишната девојка вели и дека штом некој маж ѝ каже дека личи на неговата љубов од детството или дека Кара му е секс-фантазија, таа веднаш го блокира.
„Не сакам да бидам со маж кој ќе е со мене, а ќе фантазира за неа“ – додава Рајли.
А. Ј. | Црнобело