9-годишно момче му соши кошула на својот татко и стана вирален хит

„Не му е грижа што само тој е момче на часовите по шиење, ништо не може да го сопре. Едноставно обожава да шие“, вели таткото на Сем Гувеја (9) од САД.

9-godishno-momche-mu-soshi-koshula-na-svojot-tatko-i-stana-viralen-hit-01.jpg

Сем Гувеја е 9-годишно момче од САД кое стана вирален хит на социјалните мрежи, откако на својот татко му соши кошула.

Неговиот татко Арон објави видео од настанот на ТикТок и тоа се прошири вирално со повеќе од 14 милиони прегледи.

9-godishno-momche-mu-soshi-koshula-na-svojot-tatko-i-stana-viralen-hit-05.jpg

Арон, кој е татко на 3 деца, гостуваше дури и во ТВ шоу и откри дека Сем одел една година на часови по шиење, инспириран од неговата тетка која го обожавала ова прекрасно хоби.

9-godishno-momche-mu-soshi-koshula-na-svojot-tatko-i-stana-viralen-hit-06.jpeg

Сем ги вежбал своите вештини и во локална кројачница, а досега сошил пижами за неговиот брат, фустан за братучетка му, а сега кошула за татко му.

9-godishno-momche-mu-soshi-koshula-na-svojot-tatko-i-stana-viralen-hit-04.jpg

„Бев импресиониран од кошулата, навистина е добра, уникатна е, изгледа како од 70-тите, но ми стои добро и одговара на мојот стил“ - вели Арон и открива дека засега Сем е единственото момче на часовите по шиење.

9-godishno-momche-mu-soshi-koshula-na-svojot-tatko-i-stana-viralen-hit-02.jpg

„Не му е грижа што тој е единственото момче таму, ништо не може да го сопре. Едноставно обожава да шие“ - вели гордиот татко.

9-godishno-momche-mu-soshi-koshula-na-svojot-tatko-i-stana-viralen-hit-08_copy.jpg

Погледнете го виралното видео:

@daddyfiles

Sam made me a shirt! Wow. #sewing #sewingtiktok #samsewgood #boyswhosew #parenting #raisingboys

♬ original sound - Aaron

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg