„Со свршеникот одлучивме на свадбата наместо алкохол да служиме вода – сите гости ни се лутат“
- Детали
- понеделник, 27 март 2023
Дали би прифатиле да одите на свадба каде што не се служи алкохол? Пар одлучил да го направи тоа, но гостите не биле многу импресионирани од одлуката, а некои и отворено им се налутиле. На социјалните мрежи се отвори вистинска дебата за оваа свадба каде ќе се служи само филтрирана вода.
Општоприфатено правило е дека каде што има свадба, таму се пие и алкохол, а овој пар го споделува своето искуство за тоа што се случило откако одлучиле нивната свадба да биде „сува“, односно гостите да ги послужат само со вода.
Една анонимна двојка покрена вистинска дебата на Reddit откако открија дека се подготвуваат за свадба, но одлучиле да не служат алкохол за гостите.
Како што велат, на свадбата ќе имаат околу 100 до 150 гости и за свадбата плаќаат сами, а затоа што тие не пијат алкохол, сметаат дека парите што ќе ги дадат за пијалак за гостите се само залудно потрошени пари.
„Имаме многу деца во семејствата и одлучивме дека нема да им забраниме на децата да присуствуваат, но затоа нема да служиме алкохол.
Искрено, оваа одлука воопшто нема никаква врска со тоа што ќе имаме деца на свадбата, туку затоа што јас и свршеникот не пиеме.
Освен тоа, ние пиеме само вода. Не сакаме да плаќаме за алкохол и сокови, затоа што тоа е само дополнителен трошок, а филтрираната вода е многу поевтина“ – стои во објавата.
Тие додаваат дека роднините и пријателите се налутиле заради оваа одлука затоа што, сметаат дека ако не служат алкохол, тогаш би можеле да платат барем за сокови за децата.
Корисниците на Reddit што ја видоа оваа објава исто така не се импресионирани од нивната логика и веднаш отворија дебата на оваа тема.
„Свадбата не е само за тебе и за сопругот, туку и за сите други што сте ги поканиле, а ако служите само вода, тогаш вие сте лоши домаќини“,
„Навистина не си во право, ја поддржувам идејата за свадба без алкохол, но само со вода воопшто не е во ред“,
„Луѓето вложуваат напор, носат подароци, доаѓаат да слават, го губат времето, навистина не е во ред да се оддолжите само со вода“,
„Верувај ми, сите ќе запомнат дека на свадбата имало само вода“ – стои во дел од коментарите.
Што мислите вие? Би прифатиле ли да одите на свадба каде што не се служи алкохол, туку само вода?
Б. С. Б. | Црнобело