„Радувај се Македонијо и слави ги овие херои!“ - Македонски врвни спортисти со чии успеси вечно ќе се гордееме
- Детали
- сабота, 15 јануари 2022
На нашето поднебје отсекогаш имало и ќе има спортски таленти, кои со својата макотрпна работа постигнале многубројни успеси.
Лига на шампиони, златни медали се само дел од врвните достигнувања на македонските спортисти на кои секогаш ќе бидеме горди и ќе непрекинато ќе ги бодриме.
Во продолжение ви издвојуваме 13 од многуте врвни македонски спортисти кои освоиле и допрва ќе освојуваат највисоки одличја, а листата сигурно може да се дополнува со уште многу други таленти.
Евгениј Поп Ацев
Маратонецот Евгениј Поп Ацев, роден 14.05.1988 година, воедно и доктор по стоматологија е еден од најуспешните македонски пливачи во дисциплината далечинско пливање (маратон).
Поп Ацев е трикратен светски првак во маратонско пливање во 2015, 2017 и 2019 година, а и единствениот Македонец кој победил на Охридскиот маратон.
Стојанче Стоилов
На 30.04.1987 година е роден еден од најдобрите македонски ракометари денес. Капитен на најдобриот македонски ракометен колектив, РК Вардар.
Двоен освојувач на Лигата на шампиони, вистински поим за борец до последниот здив. Столе ти си наша икона!
Перо Антиќ
Перо Антиќ е роден на 29.07.1982 година. Неговата богата кариера ја започна во КК Работнички во далечната 1999 година, а ја заврши во КК Црвена Звезда во 2018 година.
Двократниот освојувач на Евролигата со неговиот Олимпијакос, воедно и единствениот Македонец кој заигра во најсилната Американска лига, НБА во тимот на Атланта Хокс.
Игор Стефановски Иџе
Иџе е роден на 27.12.1983 година. Овој спортист е најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки.
Двократен европски освојувач во дисциплината ридски патеки (2014, 2015), воедно и прогласен за најдобар македонски спортист во 2014 година.
Могамед Ибрагимов
Роден на 22.07.1974 година, е македонски борец со потекло од Дагестан. На летните олимписки игри во 2000 година, во категоријата борење во слободен стил до 85 килограми се одликува со бронзен медал.
Овој спортист долги години беше единствениот македонски спортист кој успеал да добие медал на олимпијада откако Македонија е независна држава.
Дејан Георгиевски
Роден на 08.05.1999 година, Дејан Герогиевски во 2021-вата година по долги години ѝ донесе на Македонија сребрен медал од Олимпијадата во Токио.
Дејан е таеквондист кој се натпреваруваше во категоријата +80 килограми, а за жал загуби во финалната борба со Русинот Владислав Ларин.
Дејан од Токио се врати со „сребро вредно како злато“ за Македонија, а допрва може да очекуваме да се радуваме на неговите понатамошни успеси.