Олимпискиот нуркач го покажа џемперот што го плетеше на спортски натпревар – што сè има исплетено досега? (фото)

Британскиот нуркач Том Далеј го привлече вниманието на јавноста откако беше фотографиран како плете џемпер додека следи спортски натпревар. Сега Том го заврши „олимпискиот џемпер“, но ова не е неговата прва ваква креација.

olimpiskiot-nurkach-go-pokazha-dzhemperot-shto-go-pleteshe-na-sportski-natprevar-kako-izgledaat-drugite-negovi-kreacii-foto-01.jpg

На 26-ти јули, британскиот нуркач Том Далеј освои злато на Олимписките игри, а само неколку денови подоцна повторно го привлече вниманието на јавноста со неговиот талент за плетење.

olimpiskiot-nurkach-go-pokazha-dzhemperot-shto-go-pleteshe-na-sportski-natprevar-kako-izgledaat-drugite-negovi-kreacii-foto-03.JPG

За време на еден од натпреварите на Игрите, Том беше забележан како плете џемпер додека го следи настанот, а интересните фотки веднаш ја освоија јавноста. Сега, пак, Том го завршил џемперот и се пофали на Инстаграм со видео и неколку фотки.

olimpiskiot-nurkach-go-pokazha-dzhemperot-shto-go-pleteshe-na-sportski-natprevar-kako-izgledaat-drugite-negovi-kreacii-foto-04.JPG

olimpiskiot-nurkach-go-pokazha-dzhemperot-shto-go-pleteshe-na-sportski-natprevar-kako-izgledaat-drugite-negovi-kreacii-foto-05.JPG

„Мојот олимписки џемпер! Кога заминав во Токио, сакав да направам нешто што во иднина ќе ме потсетува на Олимписките игри. Направив дезен кој означува сè за овие игри! На грбот го направив класичното лого на тимот на Велика Британија, на рамената има знаме и буквите GBR (Велика Британија). Предниот дел сакав да биде едноставен и го дадов најдоброто од себе да го извезам името Токио на јапонски!“, стои во описот на објавата.

Инаку, Том има 27 години и досега се натпреварувал на Олимписките игри дури четирипати, а годинава првпат се закити со злато. Покрај спортската кариера, Том вистински ужива во плетењето и има Инстаграм профил посветен само на неговите креации.

olimpiskiot-nurkach-go-pokazha-dzhemperot-shto-go-pleteshe-na-sportski-natprevar-kako-izgledaat-drugite-negovi-kreacii-foto-06.JPG

olimpiskiot-nurkach-go-pokazha-dzhemperot-shto-go-pleteshe-na-sportski-natprevar-kako-izgledaat-drugite-negovi-kreacii-foto-07.JPG

Благодарение на олимпискиот џемпер, овој профил стана доста популарен, па сега Том може да се пофали со дури 1 милион следбеници.

olimpiskiot-nurkach-go-pokazha-dzhemperot-shto-go-pleteshe-na-sportski-natprevar-kako-izgledaat-drugite-negovi-kreacii-foto-10.JPG

Том реши да ја искористи стекнатата популарност на профилот за да ја подигне свеста и да помогне во собирањето средства за најголемата добротворна организација која се залага за луѓето со тумор на мозокот – причината за смртта на неговиот татко.

Татко му бил дијагностициран во 2006 година, но починал во 2011-та, и покрај многуте третмани и терапии.

„Бидејќи мојот профил за плетење станува популарен, сакам да ја искористам можноста и да соберам пари за организацијата, во чест на мојот татко!“, стои во описот на објавата.

olimpiskiot-nurkach-go-pokazha-dzhemperot-shto-go-pleteshe-na-sportski-natprevar-kako-izgledaat-drugite-negovi-kreacii-foto-11.JPG

BBC Sport го забележа интересното хоби на Том уште минатата година, а нуркачот откри дека тоа всушност било неговото „тајно оружје“:

„Има многу работи што ми помагаат да се релаксирам, како јога и визуелизација, но почнав и да плетам – нешто што е моето тајно оружје. Тоа е дел од мојата рутина за релаксација, начин накратко да избегам од сè“.

Од 2017 година, Том е во брак со американскиот сценарист Дастин Ленс Блек со кого има и 3-годишно синче.

olimpiskiot-nurkach-go-pokazha-dzhemperot-shto-go-pleteshe-na-sportski-natprevar-kako-izgledaat-drugite-negovi-kreacii-foto-02.JPG

Во интервјуто за BBC, тој откри дека речиси сите плетени креации, како шалови и капи, ги прави токму за синчето.

olimpiskiot-nurkach-go-pokazha-dzhemperot-shto-go-pleteshe-na-sportski-natprevar-kako-izgledaat-drugite-negovi-kreacii-foto-08.JPG

Повеќе фотки од плетените креации на Том на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...
„Дајте му улога во Џон Вик“ - Хит мемиња од олимпиецот кој без опрема, со рака во џеб освои сребро в... Турскиот натпреварувач во стрелање со пиштол на 10 метри освои сребро на Олимпис...
Фото-споредби: Олимписките игри во Париз пред 100 години и денес Знаете ли дека пред 100 години, односно во 1924-та, Олимписките игри се одржувал...
Нејмар доби трето дете - бараше тест за утврдување на татковството за да ја признае ќерката Бразилскиот фудбалер Нејмар на почетокот на јули доби трето дете, но побара тест...
Која е девојката на Ламин Јамал: Има над 330.000 следбеници на ТикТок, ја славеше титулата со негово... Се гушкаат на теренот, прават селфи и таткото на фудбалерот го фотографираше заљ...
Дедо ѝ ја посвоил бидејќи мајка ѝ била алкохоличар, висока е 142 cm – Факти за Симон Бајлс, најпозна... Симон Бајлс има освоено осум олимписки медали, од кои пет се златни, но вели дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg