Необична техника за загревање: Тренерот со шлаканици ја подготви џудистката за натпревар (видео)
- Детали
- вторник, 27 јули 2021
Видеото на кое тренерот на џудистката Мартина Трајдос ја подготвува за натпреварот со шлаканици, веднаш се прошири на социјалните мрежи.
Германката Мартина Трајдос денес (27.07) се натпреваруваше со Унгарката Сзофи Озбас, а непосредно пред почетокот на натпреварот камерите го уловија необичниот ритуал кога тренерот прво ја протресе добро, а потоа ѝ удри и две шлаканици.
Тренерот на џудистката се обиде на овој начин да ја мотивира за натпреварот со Унгарката Сзофи Озбас во 16-тата рунда.
Сепак, оваа техника очигледно не функционира затоа што Германката беше елиминирана.
Инаку, Мартина Трајдос е 32-годишна џудистка што се натпреварува во категоријата до 63 kg. Таа доби златен медал на Европското првенство во џудо, што се одржа во Баку во 2015-тата година, а минатата година на Европскиот шампионат во џудо во Прага доби бронзен медал.
Погледнете го видеото со неверојатната техника на нејзиниот тренер:
A czo tu się odpoliczkowało w ogóle?! pic.twitter.com/mX2r9rMMTA
-->— Mischa von Jadczak (@michaljadczak) July 27, 2021
Погледнете уште неколку фотографии од германската џудистка во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело