Која е најубавата македонска навивачка на Европското првенство, која ја бараа преку Инстаграм?
- Детали
- среда, 16 јуни 2021
Убава Македонка крена фама на Европското првенство, ја бараа преку социјални мрежи... Која е прекрасната црнокоса која гордо го вееше македонското знаме?
На Инстаграм профилот на македонскиот твитерџија Роберто Навали осамна Инстаграм Стори со фотографија од прекрасна македонска навивачка во Букурешт.
Убавата црнокоса го вее македонското знаме на трибините на Европското првенство во Букурешт како поддршка за нашите фудбалери.
Но, која е оваа убавица која многумина ѝ ја доделија титулата „најубава наша навивачка на првенството“?
Станува збор за Моника Стефановска, позната македонска каратистка. Таа со карате се занимава целиот свој живот, а медалите не може да ги изброи.
Во интервју за CRNOBELO.com oткри дека е дипломиран економист на УКИМ, магистер по спортски менаџмент и дека каратето како спорт го избрала сосем случајно.
По нејзините часови по танц во истата сала се одржувале тренинзи по карате, па со сестра ѝ добиле идеја да започнат да тренираат карате.
Таа со иста страст како што тренира карате, така навива и за нашата фудбалска репрезентација.
Оваа вљубеничка во спортот покрај титулата најубава навивачка, одамна ја носи и титулата најубава македонска спортистка.