Семејството на херојскиот капитен на Данска - русокоса убавица со сини очи и две прекрасни дечиња
- Детали
- вторник, 15 јуни 2021
Која е жената што има среќа крај себе да има херој како капитенот на данската фудбалска репрезентација, кој му го спаси животот на својот соиграч Кристијан Ериксен? Каква убавица крај себе има Симон Кјер?
Додека целиот свет беше во хаос по колапсот на данската фудбалска ѕвезда Кристијан Ериксен, капитенот на данската репрезентација, Симон Кјер, остана со студена глава и направи сѐ што беше во негова моќ за да помогне и да ја смири ситуацијата.
Од прва помош на Ериксен до контрола што снимаат камерите и утеха на саканата на Ериксен, тој направи низа херојски дела во најкритичните мигови.
Па, која е среќната избраничка на овој суперхерој од реалноста?
32-годишниот фудбалер од 2017 година е во брак со убавата русокоса со сини очи Елина Голарт Кјер со која има две деца.
Таа потекнува од Шведска, но со Симон живее во Италија поради неговите фудбалски ангажмани. Родена е 1990 година, во хороскоп е Риби и својот приватен живот сака да го држи на страна од медиумите. Работи како моден дизајнер и модел.
Парот направи свадба во Рим.
Елина има повеќе од 30.000 следбеници на Инстаграм и постојано објавува прекрасни семејни фотографии.
Во една објава на Инстаграм таа напиша прекрасни зборови за својот успешен сопруг:
Често ми го поставуваат прашањето „Дали ми е претешко постојано да го следам и да стојам зад својот сопруг?“ Но, луѓето не разбираат дека јас НИКОГАШ не стојам зад тебе, затоа што ти никогаш нема да ми го дозволиш тоа.
Ние секогаш сме еден до друг и ти си таков со сите од твоето опкружување. Најгрижливата личност што ја познавам! Ти благодарам што секогаш ми го чуваш грбот! Ти си најпрекрасната личност на планетава!
Фотографии од семејството на Симон: