Стеф Кари е најдобриот „тројкаш“ на овогодишниот NBA All-Star, а неговата сопруга ги краде сите погледи (фото)
- Детали
- среда, 10 март 2021
Стефен „Стеф“ Кари победи на натпреварот во шутирање „тројки“ на овогодишниот NBA All-Star 2021. 32-годишниот кошаркар во моментов „тежи“ 130 милиони долари и има импресивна кариера.
Кари го носи дресот со број 30 за тимот на Голден Стејт Вориорс, а многу аналитичари и играчи го нарекуваат и најдобриот стрелец во историјата на НБА.
Она што е особено импресивно кај Кари, покрај неговата професионална кариера, е стабилниот брак со неговата сопруга Аиша Кари кој трае речиси 10 години. Тие се венчале многу млади, во 2011 година, и заедно имаат 3 дечиња – Рајли, Рајан и Кенон.
Аиша Диса Кари е канадско-американска актерка, автор на книги за готвење и телевизиска личност. За неа за вели дека не е обична, празноглава кукла, туку успешна жена, мајка и сопруга со визија и амбиција.
Тие се највљубениот пар во НБА, а фотките се само уште еден доказ дека во нивната врска владее хармонија и разбирање.