10 држави кои речиси банкротираа заради организирање на Олимписки игри
Нагано, Јапонија 1998
Нагано е град во Јапонија во кој се одржуваа зимските Олимписки игри во 98-ма. Градот со само 380.000 жители потроши неверојатни 10 милијарди долари во подготовка за Игрите.
Голем дел од парите биле потрошени за изградба на брз воз помеѓу Нагано и Токио, со кој патувањето траело само 90 минути. Но, оваа линија ги натерала туристите да закажуваат соби во Токио наместо во Нагано, па градот претрпел огромна загуба.
Уште од старт игрите биле осудени на загуба, а точната сума што ја изгубил градот веројатно никогаш нема да ја дознаеме.
Сиднеј, Австралија 2000
Иако многу Австралијци беа свесни дека одржувањето на Олимписките игри во Сиднеј ќе чини многу, повеќето беа убедени дека туризмот ќе ги покрие трошоците.
Градот потрошил околу 3,8 милијарди долари за подготовките, но наместо очекуваните 130.000 туристи, во градот имало едвај 97.000. Оние кои не планирале да присуствуваат на Игрите, ги откажале патувањата во Сиднеј поради страв од гужвите.
Државата се надеваше дека во годината после Игрите, Сиднеј ќе го посетат и до 10 милиони туристи, но на крај се појавиле само 2,5 милиони.
Атина, Грција 2004
Еден век подоцна, Атина повторно беше домаќин на летните Олимписки игри, но со уште покатастрофална загуба. Иако на почетокот се надевале дека ќе им стигнат 4,6 милијарди долари, државата потрошила дури 15 милијарди.
По завршувањето на игрите, голем дел од изградените објекти беа затворени и напуштени.
Некои дури веруваат дека трошоците за Олимписките игри ја „подгреале“ економската криза на Грција во 2009-та.
Торино, Италија 2006
Додека се подготвувале за зимските Олимписки игри во Торино, организаторите сфатиле дека им недостасуваат дури 95 милиони долари и дека им се заканува банкрот. По некое време трошоците се зголемиле на 167 милиони долари.
Иако Торино направил многу обидувајќи се да ја покрие сумата, по завршувањето на игрите, градот остана со долг од 49 милиони долари.
Ванкувер, Канада 2010
Можеби на зимските Олимписки игри во Ванкувер Канаѓаните освоија рекордни 14 златни медали, но по завршувањето Ванкувер остана со огромни долгови.
Наводно, градот имал долг од 1 милијарда долари, вклучувајќи 730 милиони кои биле потрошени за „спасување“ на олимпиското село. Градот почна да го рекламира селото како еколошко соседство погодно за живеење, надевајќи се дека некој ќе се всели во празните станови. Но, добиле многу слаб одговор.
И покрај сите обиди, се верува дека градот нема целосно да закрепне од трошоците од игрите.
Спирова С. | Црнобело