Името го добил по јапонско месо, играл кошарка од 3 години, освоил Оскар – неверојатни факти за Коби Брајант
- Детали
- вторник, 28 јануари 2020
Коби Брајант ја помина целата своја 20-годишна кариера во НБА лигата играјќи за Лос Анџелес Лејкерс, пред неговото пензионирање во 2016 година. За време на неговото време во американската кошаркарска лига, Брајант освои пет шампионати во НБА.
Прочитајте ги следните неверојатни факти за трагично починатата поранешна НБА ѕвезда:
Името го добил по вид на јапонско месо, Kobe
Неверојатно, но вистинито – Коби го добил името според популарен тип на говедско месо (Kobe beef) познато по својата мекост и т.н. „мермерна“ текстура.
Неговото средно име не било запишано во изводот на родените
Малкумина го знаат неговото средно име. „Bean“, кратенка од прекарот што му го дал татко му - Jelly Bean (или во превод желе бонбонче) не фигурира никаде во изводот на родените или во какви било други официјални документи.
Неговиот сон од детството бил да игра професионална кошарка
Брајант израснал во Риети, Италија, откако неговиот татко се пензионирал од НБА и продолжил да игра кошарка, но за помали тимови. Во Риети, Коби научил течно да зборува италијански и честопати доаѓал во САД за време на летниот распуст за да игра кошарка.
Првиот значаен успех го доживеал во средно училиште
Коби започнал да игра кошарка на само 3-годишна возраст, а ги учел тактиките во играта со помош на натпревари кои неговиот дедо му ги праќал на касета преку пошта.
Во 1991 година играл за тимот на неговото средно училиште Lower Merion High School освојувајќи неколку последователни титули и добивајќи значително медиумско внимание.
Влегол во НБА драфтот веднаш по средното училиште
Иако освоил 1080 поени на SAT стандардизираниот тест за тестирање на знаењето, што е прилично висок резултат, Коби донел одлука дека нема да оди на факултет и веднаш ќе започне да игра во професионалната кошаркарска НБА лига.
Со неговиот талент и високиот резултат од тестот можел да се запише на кој било универзитет по негов сопствен избор.
Бил ѕвезда уште во тинејџерките денови
Неговата партнерка за матура била пејачката R&B атракција Бренди. Коби го добил сето внимание уште пред да ја започне својата професионална кошаркарска кариера.
Коби е првиот НБА играч што бил избран директно од средно училиште
Во НБА драфтот одржан во 1996 година, Коби бил првично избран за тимот на Шарлот Хорнетс и веднаш преземен од Лос Анџелес Лејкерс согласно претходен договор. Тој е првиот играч избран да игра во професионалната лига директно од средно училиште.
Се оженил на 23 години
Во 2001 година, на само 23-годишна возраст, Коби Брајант се оженил со неговата тогашна девојка Ванеса Лејн. Тие се запознале во 1999 година кога тој имал 21, а Ванеса само 17.
Интересно е што двојката се венчала без потпишување на никаков предбрачен договор.
Го сменил бројот на дресот неколкупати
За време на неговата кариера, Коби уште на самиот драфт во НБА го сменил бројот 33 во 24. Втората промена на бројот на дресот се случила во сезоната 2006/07 од 8 повторно во 24.
Неговата репутација настрада многу поради обвинувања за силување
2 години откако се венчале со Ванеса, бракот бил на „стаклени нозе“ откако вработена во хотел го обвинила за силување. Брајант признал дека имал сексуален однос со вработената, но не и дека ја нападнал, односно злоупотребил.
Во овој период Коби Брајант се соочил со огромен негативен публицитет и ги изгубил спонзорствата од McDonald’s и Nutella. Случајот се решил спогодбено надвор од судот.
Самиот си го дал прекарот Black Mamba
„Црната Мамба“ е прекар којшто Коби си го дал самиот на себе, споредувајќи се со брзината, агилноста и прецизноста на истоимената змија, откако го изгледал филмот на Тарантино „Kill Bill“, каде што овој назив (Black Mamba) бил искористен како тајно име за смртоносна мисија.
Има освоено Оскар за најдобар краток анимиран филм
Коби Брајант е добитник на филмската награда Оскар за најдобар краток анимиран филм во 2018 година. Насловот на филмот е „Драга кошарка“ (Dear Bаsketball) во кој тој ја опишува својата кариера.
„Ние како кошаркари би требало само да дрибламе и да шутираме, но мене ми е драго што правиме и некакви други работи“, изјавил Брајант по добивањето на наградата.
Филмот трае пет минути, а Коби бил истовремено продуцент и наратор.
(О)Милена | Црнобело