Кои се најбогатите тренери во англиската Премиер Лига?
- Детали
- вторник, 22 октомври 2019
Премиер лигата честопати се смета за најдобрата фудбалска лига во светот, па според тоа логично е во неа да се и најдобрите фудбалски тренери.
Без разлика дали некои се со огромно искуство, со голем број на победи во серија или се поранешни фудбалски ѕвезди, сепак сите тие водат скапи тимови и добиваат соодветна плата за тоа, како шлаг на нивните претходни достигнувања.
Кои се најбогатите тренери во Премиер Лигата?
10. Оле Гунар Солскјер (нето вредност 2,1 милиони долари)
Поранешниот џокер од клупата на Сер Алекс Фергусон, а сегашен тренер на Манчестер Јунајтед има потешкотии да се докаже како добар тренер, иако имаше добар почеток на кариерата.
9. Еди Хоув (нето вредност 5,1 милиони долари)
Голем број љубители на фудбалот го сакаат бидејќи успеа да го доведе Борнмут од неколку лиги подолу, до горниот дел од табелата на Премиер Лигата. Тој досега има акумулирано 5,1 милиони долари, а со оглед на неговиот талент оваа бројка може само да расте.
8. Маурисио Почетино (нето вредност 12 милиони долари)
Поранешниот тренер на Саутемптон и актуелниот тренер на Тотенхем се смета за еден од најдобрите менаџери во Премиер Лигата благодарение на неговите константни успеси, а лани го доведе тимот и до финалето од Лигата на Шампионите.
7. Унаи Емери (нето вредност 13 милиони долари)
Унаи Емери носи голема одговорност како наследник на легендарниот Арсен Венгер, а тоа за него се покажа како тешка задача. Тој е искусен тренер, но навивачите не се задоволни од тоа колку долго му треба да го доведе тимот во натпреварувачка форма.
6. Брендан Роџерс (нето вредност 16 милиони долари)
За да дојде до оваа сума, Роџерс мораше да помине голем број на тимови. Започнувајќи како тренер на Челзи, па сè до тренер на Ливерпул и Селтик, Роџерс постојано работел на највисокото ниво.
Сега тој е тренер на Лестер со кој се надева да ја замени големата шестка во Премиер Лигата.