Сензација на Инстаграм: Кој е секси фудбалерот што ги освои женските срца? (фото)
- Детали
- петок, 22 јуни 2018
Иако помина само триесет минути на теренот, тоа беше сосема доволно девојките пред малите екрани да полудат по него. Русокосиот исландски репрезентативец со манекенски изглед, молскавично ги покори и социјалните мрежи.
Рурик Гисласон (30) e фудбалер за кого малкумина знаеја пред Светското првенство во Русија. Меѓутоа, по половината час што ги одигра на натпреварот против Аргентина, исландскиот репрезентативец стана вистинска сензација на Инстаграм.
Иако кратко се задржа на теренот, девојките буквално полудеа по него. Со долгата коса и мускулестото тело, тој сосема да ја освои женската публика, мамејќи им воздишки на гледачките пред малите екрани.
Посебна популарност стекна во Јужна Америка. Бразилската глумица Габриела Лопес ги запраша своите два милиони следбеници: „Како е можно да е толку сладок?“.
Аргентинската актерка Химена Акарди, пак, иако навиваше за противничкиот табор, сподели дека 40.000 нејзини фанови почнале да го следат профилот на Гисласон во рок од 30 минути.
Додека тие плакнеа очи, фудбалерот си го оствари детскиот сон - да ги брани боите на татковината на еден ваков голем настан.
Па, не ја криеше радоста под фотогафијата со Лео Меси: „Од моментот кога првпат шутнав топка, сон ми беше да ја претставувам мојата земја на Светско првенство. Ми се оствари во саботата и беше неверојатно искуство.“
Оттогаш, славата на русокосиот исландски убавец не престанува да расте. Преку ноќ доби 250.000 нови следбеници на Инстаграм, надминувајќи ја бројката на жители на Исланд.
Пред почетокот на натпреварот го следеа околу 30.000 корисници на социјалната мрежа. Моменталната цифра е над 700.000, a се очекува да биде уште поголема.
Поради маненкенскиот изглед, странските медиуми веќе го прогласија за секс симбол на СП 2018. Се согласувате ли? Погледнете ги фотките пред да го дадете конечниот суд:
М. А. | Црнобело