Ѕвездите кои нема да ги гледаме на светското првенство во Русија 2018
- Детали
- недела, 27 мај 2018
Деновиве државите учеснички на светското првенство ги објавуваат своите прелиминарни состави.
Еве за кои ѕвезди немаше место во составите на нивните селекции:
Џо Харт (Англија) – Голманот на Вест Хем имаше далеку од добра сезона помеѓу стативите, па можеби и заслужено нема да ги брани боите на својата репрезентација на претстојното светско првенство.
Ектор Бејерин (Шпанија) – Десниот бек на Арсенал, имаше солидна сезона во дресот на топџиите, па така, можеби малку чудно е што не се најде во составот на Шпанската репрезентација. На негово место, предност доби Алваро Одриозорла кој настапува за Реал Сосиедад.
Хави Мартинез (Шпанија) – Центархалфот на Баерн долго време ги бранеше боите на црвената фурија. Со оглед на тоа што тој го загуби местото во својот клуб од Хумелс и Боатенг, можеби и не е толку чудно тоа што неговото место во националниот тим го зема Начо Фернандез од Реал Мадрид.
Маркос Алонзо (Шпанија) – Левиот бек на Челси имаше сјајна сезона и беше можеби една од ретките светли точки во тимот. Неговото место го зема Начо Монреал, кој и немаше баш најдобра сезона, па така оваа одлука е доста сомнителна.
Раџа Најанголан (Белгија) – Играчот за врска имаше одлична сезона во Рома, и беше еден од клучните играчи за нивниот успех во лигата на шампионите. Доста сомнителна е одлуката да се изостави од репрезентативниот состав.
Џек Вилшер (Англија) – Можеби немаше баш најдобра сезона, меѓутоа при краткиот список на расположливи играчи на неговата позиција, навистина е чудно тоа што тој не се најде во 23те избраници на Саутгејт.
Цеск Фабрегас (Шпанија) – Играчот за врска на Челси беше далеку од неговата препознатлива форма оваа сезона. Можеби и заслужено се наоѓа на оваа листа наместо на листата која ќе отпатува на мундијалот.
Педро (Шпанија) – Уште еден играч на Челси кој нема да отпатува на светското првенство. Педро оваа сезона е далеку од она што беше на претходното светско првенство, па веројатно оправдана е одлуката да биде изоставен од националниот состав.
Ентони Марсијал (Франција) – Марсијал имаше солидна сезона во дресот на „црвените ѓаволи“, меѓутоа не доволно добра за да се избори со силната конкуренција во Францусикот состав.
Алваро Мората (Шпанија) – Шпанците на неколку наврати покажаа дека можат да играат и без класичен напаѓач, па така Мората кој и онака немаше сезона за паметење во Челси, нема многу да ѝ недостасува на црвената фурија.
Карим Бензема (Франција) – Напаѓачот на кралскиот клуб беше изоставен од составот и на европското првенство, поради недоразбирањата со неколку соиграчи. Згора на тоа, оваа сезона беше далеку од идеална за напаѓачот на Реал Мадрид, па така оправдано е изоставен од 23те избраници на Француската репрезентација.
Серџи Роберто (Шпанија) – Играчот на Барселона, имаше одлична сезона, но сепак не успеа да избори место во составот на Шпанија.
Алекс Сандро (Бразил) – Левиот бек на Јувентус е еден од најдобрите во моментов, меѓутоа како за негова несреќа подобри од него се Марсело и Филипе Луис (или барем според селекторот).
Емре Џан (Германија) – Германската репрезентација е една од главните фаворити за освојување на златото, па така Џан кој се мачеше со повреди и е под знак прашалник за големото финале во лигата на шампионите, е лесно заменлив во овој суперталентиран состав.
Мауро Икарди (Аргентина) – Напаѓачот на Интер имаше одлична сезона. Тој на 36 натпревари имаше 29 гола и се најде на второто место на листата на најдобри стрелци во Серија А. Пред него место добија Гонзало Игуаин и Пауло Дибала, кои се зад него на оваа листа на стрелци.
Шкодран Мустафи (Германија) – Дефанзивецот на Арсенал имаше солидна сезона, меѓутоа не успеа да се избори за место во националниот тим. Пред него место добија младите Никлас Суле и Џонатан Тах.
Марио Геце (Германија) – Играчот кој го постигна победоносниот погодок на финалето на минатото светско првенство, имаше доста турбулентна сезона мака мачејќи со повредите. За жал, играчот на Дортмунд не успеа да се врати во посакуваната форма на време за да избори место во составот на Германија.
Висам Бен Једер (Франција) – Французите во моментов имаат солиден напад, меѓутоа на местото на Оливие Жиру, кој немаше баш најдобра сезона, можеби можеше да биде одбран играчот којшто во лигата на шампионите оваа сезона на 11 натпревари постигна 10 гола.
Александер Лаказет (Франција) – Напаѓачот на Арсенал имаше сезона која беше далеку од очекуваната. Тој на 39 натпревари оваа сезона постигна само 17 погодоци, со што не ги оправда 47те милиони евра кои Арсенал ги даде за неговите услуги, а и не успеа да се избори за место во одбраните 23.
еНВи | Црнобело