Составот со кој Југославија би излегла на Светско во Русија, доколку сè уште постоеше
- Детали
- сабота, 19 мај 2018
Деновиве државите ги објавуваат своите фудбалски состави за претстојното светско првенство. Екс Ју носталгичарите сигурно ќе се сетат на неверојатните успеси на Југословенската репрезентација.
Помладите генерации освен ако не ги гледале Монтевидео филмовите и сериите, нема ни да знаат за што станува збор. Ние генерацијата помеѓу, можеме само да фантазираме за реобединување на оваа држава.
Еве како би изгледала фудбалската репрезентација доколку Југославија сè уште постоеше, или доколку во иднина се обедини и настапува заедно за спортски настани.
Најверојатно ќе беше многу поквалитетен овој состав да не дојдеше до распад на славната Југославија (поради квалитетните кадри во секоја земја, и големата конкуренција), меѓутоа со тоа што го имаме, еве како би изгледале 23-те избраници за фудбалската селекција на Југославија:
Голман – Самир Хандановиќ
Десен Бек – Стефан Ристовски
Лев Бек – Александар Коларов
Централен бек – Стефан Савиќ
Централен бек – Дејан Ловрен
Средина – Лука Модриќ
Средина – Иван Ракитиќ
Средина – Миралем Пјаниќ
Десно Крило – Иван Перисиќ
Лево Крило – Стеван Јоветиќ
Напад – Един Џеко
Замени:
Бранислав Ивановиќ, Матео Ковачиќ, Асмир Беговиќ, Марио Манџукиќ, Дарио Срна, Немања Матиќ, Енис Барди, Езгијан Алиоски, Марсело Брозовиќ, Илија Несторовски, Матија Настасиќ, Сергеј Милинковиќ Савиќ.
еНВи | Црнобело