- Детали
-
понеделник, 19 февруари 2018
-->
23-тите Зимски олимписки игри во Пјонгчанг се во полн ек и се одржуваат од 9 до 25 февруари годинава, а 31-вите Летни олимписки игри се одржаа во Рио де Жанеиро во 2016 година.
Олимпиското злато е една од најценетите награди на светот. За Олимпијадата во Рио де Жанеиро 2016 направени беа 5.130 медали за олимпијците и параолимпијците.
-->
Потребни биле 48 часа за да се направи еден медал, а на изработката на медалите работеле 80 луѓе.
Истиот процес бил користен и за изработката на медалите во Јужна Кореја за Олимписките игри 2018 година, кои се одржуваат во Пјонгчанг.
Во 2016 година фотограф влезе во бразилската фабрика за производство на медали и овековечи како изгледа процесот на изработка:
-->
-->
Овие медали се направени од работниците во фабриката Casa da Moeda во 2016 година, која се наоѓа во Санта Круз.
-->
Дизајнот се прави на компјутер. Годинава тој изгледа поинаку и е во духот на корејската култура.
Се прави калап од дизајнот.
-->
Крилеста божица на победата во Античка Грција (Nike), е кована од една страна под петте олимписки прстени, а од другата страна e врежано логото на Рио 2016.
Откако калапот е направен, работниците истураат вжештен метал во него. Само 1.2% од металот е злато, а околу 99% е сребро.
Видот на спорт за кој се доделува медалот е изгравиран отстрана.
Потоа се чистат.
Па, се мијат.
За да се направи еден медал потребни се 48 часа.
Во 2016 во Бразил 80 луѓе беа вработени за изработката. Сè уште не се знае колку луѓе работеле во Јужна Кореја за годинешните медали.
Работниците велат дека им било чест и задоволство да бидат дел од процесот на изработка на олимписките медали.
Приказот на процесот на изработка продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира: