92-годишна баба го „освои“ срцето на Рафаел Надал со писмо на кое тој одговори
- Детали
- понеделник, 12 февруари 2018
Светскиот тенисер, Рафаел Надал, изрази благодарност преку социјалните мрежи за поддршката која ја доби од негов фан.
На Australian Open тој се соочи со повреда на ногата, но и покрај потешкотиите, очигледно сè е полесно кога имаш фанови од цел свет и на секоја возраст, кои нудат безрезервна поддршка.
Имено, 92-годишна баба од Мексико, му напишала писмо на тенисерот во кое му посакува брзо да закрепне, како и многу успех во иднина на теренот.
„Драг Рафа, во декември, ти напишав писмо и го испратив на твојата Академија во Шпанија. Знам дека си зафатен, растрчан насекаде, па можеби не си го ни добил.
Јас сум 92-годишна жена, тенисерка и жесток фан. Ги гледам сите твои турнири, ако се во зори, местам аларм за да станам навреме да те гледам како играш.
Многу ми е жал за тоа што се случи во Австралија и се надевам дека целосно ќе закрепнеш.
Знам дека ќе бидеш во Акапулко кон крајот на месецот и посакувам да дојдам, но овие денови ми е многу тешко да патувам.
Ќе ми биде огромна чест и задоволство ако би можел да ми одговориш на писмото некој ден.“
Правнуката на жената го сликала писмото и го постирала на нејзиниот Твитер профил, го означила тенисерот и напишала:
Мојата прабаба е број 1 фан на Надал и му праќа писма постојано. Таа сè уште не добила одговор од него, па ја замолив да напише едно за на Твитер и ми го даде ова. Би ѝ го усреќиле денот на прабаба ми ако успееме да направиме пораката да ја прочита Надал. Ве молааам!
Mi bisabuela es fan #1 de Nadal y siempre le escribe cartas y se las manda hasta España. Como jamás ha recibido respuesta, le pedí que escribiera una para twitter y me dio esto...le harían el día si me ayudan a que Nadal la lea plisssss. @RafaelNadal pic.twitter.com/R5hfpR9ZIX
— Debora Mansur (@Deboramansurr) February 7, 2018
Пораката на Дебора добила околу 20.000 лајкови и е ретвитната повеќе од 20.000 пати.
Два дена подоцна, Дебора и нејзината прабаба го добија одговорот кој со душа го очекувале.
Рафаел Надал се огласи и на неговиот Твитер профил напиша:
„Драга Дебора, те молам пренеси ѝ ја мојата благодарност на прабаба ти за емотивното писмо, бидејќи ме трогна длабоко. Ги добивам сите писма за поддршка и ми значат многу. Многу ви благодарам. “ – гласеше пораката на тенисерот со која го исполни најголемиот сон на свој фан.
Querida Debora, por favor dale las gracias de mi parte a tu bisabuela por esta emotiva carta y su contenido que llega al corazón. Todas las cartas y muestras de apoyo que recibo de todos vosotros significan mucho para mí. Muchas gracias https://t.co/jgkh7Hdjpv
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) February 9, 2018
М. М. | Црнобело