Тажната судбина на легендарниот Шумахер: Има само уште една шанса
- Детали
- петок, 22 септември 2017
Тажна е судбината на Формула 1 легендата. Во 2013-та се случи кобната несреќа во која Шумахер се удри од карпа и оттогаш почна агонијата.
Шумахер е во тешка здравствена состојба, а неговото семејство и тимот од доктори се борат со сите сили. Ништо досега не му помогнало да се врати во добра состојба, но има уште една шанса.
Шведски печат тврди дека семејството на Шумахер ќе се вложи во уште една последна шанса.
Пред славниот борец е уште една операција. Шумахер ќе биде префрлен во Далас, каде ќе го оперира докторот Џулијан Микс, еден од најценетите невролози во светот.
„Имам искуство со вакви пациенти. Никој не ги лечел повеќе од мене,“ делува оптимистички докторот.
Иако целото опоравување се одвива зад затворени врати, извори блиски до семејството тврдат дека работите не се движат на добро.
Микс е очигледно последната шанса за Шумахер.
М. Д. | Црнобело