ФФМ со донација за децата од средното училиште за рехабилитација „Св. Наум Охридски“
- Детали
- понеделник, 26 декември 2016
Фудбалската федерација на Македонија по повод педесет годишнината од основањето на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ - Скопје присуствуваше на свечената приредба изведена од страна на учениците од образовната институција.
Во рамките на манифестацијата директорот на училиштето Јордан Стојановски ја најави монографијата за постоењето и развојот на училиштето и врачи благодарници за искажани хумани гестови од страна на институции и поединци меѓу кои беше и ФФМ.
Фудбалската федерација на Македонија донираше спортска опрема за децата од интернатот кој функционира во рамки на училиштето. Нескромниот ентузијазам и залагање на наставниците кои работат со децата и придонесуваат за нивно интегрирање во општеството и прави сите кои на скромен начин помагаат преку донации да се чувствуваат убаво и корисно.