„Македонија ова е за тебе!“ – Иџе ја посвети победата на Европскиот шампионат на татковината
- Детали
- понеделник, 16 септември 2024
„Овој успех не е само мој, туку на цела Македонија!“ – порача Игор Стефановски Иџе по победата на Европскиот шампионат на ридски патеки во групата 1.
Нашиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе од Хрватска се враќа со нова награда.
Тој на последната трка на Европскиот шампионат во ридско планински трки го освои првото место во групата 1, а на социјалните мрежи нагласи дека оваа победа ја посветува на татковината.
„Македонија, ова е за тебе! Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1!
Овој успех не е само мој, туку на цела Македонија!
Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат, до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна поддршка во сето ова“ – порача Иџе.
Инаку, трката од Европскиот шампионат се одржа викендов (15.09) во Бузет, Хрватска, а Иџе на Инстаграм Стори сподели повеќе фотографии од автомобилот Ферари со којшто се натпреваруваше.
За потсетување, Иџе за првпат го освои Европскиот шампионат во 2014-та година.
Погледнете повеќе фотки во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





