10 правила за однесување на ски терените
- Детали
- сабота, 31 декември 2016
Сите кои планираат и зимава да одат на ски терени за било кој спорт, мора да почитуваат неколку правила, заради сопствена и општа безбедност.
Па така, важно е да запаметите дека ако немате опрема за некаков спорт, местото не ви е на патеките. Одењето среде патека е недозволено, исто како и „искажувањето љубов“ кога сите околу вас се сконцентрирани на скијање.
10 основни Бон-тон правила кои мора да ги почитуваат сите, без исклучоци:
1. Почитувајте ги другите скијачи и спортисти околу вас. Имајте предвид дека не сте сами на патеката.
2. Прилагодете ја брзината и начинот согласно вашите знаења и вештини. Почитувајте ги и условите на терените. Никогаш не се залетувајте ако рамништето под стазата е релативно кратко.
3. Ако скијате зад некој, ваша одговорност е да внимавате да не го повредите тој пред вас.
4. Заобиколувањето на другите може да го направите и од лева и од десна страна, но секогаш на соодветна оддалеченост од барем еден метар.
5. Секој скијач кој се вклучува на патеката мора добро да разгледа околу себе и да процени кога е подобро да почека. Ако некој е забрзан, не очекувајте дека ќе закочи заради вас.
6. Наглото кочење е недозволено, посебно ако пределот е непредвидлив. Местењето на очилата, косата и шалот не е дозволено додека има луѓе зад вас. Ако паднете пак, поместете се брзо во седечка позиција.
7. Одењето и качувањето по патеката е дозволено само по краевите.
8. Почитувајте ги знаците поставени за предупредување. Не се смејте дека „не сте автомобил“.
9. Должни сте да пружите помош доколку во ваша околина има повреден човек. Исто така должни сте и да го пријавите тоа на надлежните служби во најбрз можен рок.
10. Секој кој е сведок на несреќен случај, без оглед на тоа дали самиот ја предизвикал или се нашол во погрешно време на погрешно место, должен е да покаже легитимација доколку тоа се бара од него.
М. Д. | Црнобело