Јапонскиот премиер облечен како Супер Марио (видео)
- Детали
- среда, 24 август 2016
Олимписките игри во Рио беа спектакуларни, но сега за 4 години ни се најавија уште поспектакуларни игри.
Бразилското шоу во Маракана можеби беше фантастично, но шоуто го украде јапонскиот премиер Шинзо Абе кој од „зелена цевка“ излезе облечен како Супер Марио.
Олимписка традиција е на завршната церемонија да се најави следната земја во која ќе се одвиваат следните Олимписки игри.
А, таа земја, мора да се прикаже преку својата историја, култура и традиции.
Веројатно ќе се согласите, нема подобар начин да се прикаже Јапонија преку еден од култните ликови кои биле создадени таму - Супер Марио.
Веќе почнавме да ги броиме деновите кога ќе го проследиме следното отворање на Олимписките игри:
Н. Г. | Црнобело