Зошто некои пливачи на Олимпијадата носат по две капи?
- Детали
- среда, 10 август 2016
Од костимот за капење, до должината на косата и начинот на кој скокаат во водата, пливачите се трудат многу и внимаваат и на најмалите детали за да бидат сигурни дека ќе дојдат побрзо до крајната цел од останатите.
Но, дали сте забележале дека некои од нив носат по две капи на глава?
Унгарската пливачка Катинка Носцу веднаш откако го освои златниот медал ја извади својата капа и откри дека зад неа, се крие уште една.
Таа не е единствената натпреварувачка која носи по две капи. Мајкл Фелпс и Кејти Ледеки, американските натпреварувачи, исто така, носат по две капи.
Додека повеќе слоеви значи и побавно пливање, зошто пливачите сепак, се одлучуваат да носат по два пара капи на себе?
Постои добро објаснување зад тоа.
Првата причина е прилично едноставна, логична и јасна: Двата слоја капи на пливачите им помагаат да ги зацврстат добро пливачките очила кои ги носат и да не им се наполнат со вода.
Втората причина е прилично интересна: двата слоја капи се направени од различни материјали, првата обично е од латекс кој подобро стои на главата, но се собира.
Втората капа е направена од силикон и не се собира, а тоа значи и дека пливачот ќе има помал отпор од водата и побрзо ќе може да плива.
Н. Г. | Црнобело