Зошто спортистите на Олимпијадата имаат црвени кругови по целото тело?
- Детали
- понеделник, 08 август 2016
Мајкл Фелпс во неделата вечер пливаше на Олимписките игри во Рио и веројатно имавте можност да забележите црвени кругови на целиот негов грб.
Ако досега имавте можност да ги гледате Олимписките игри, веројатно забележавте и кај некои други спортисти вакви црвени кругови, посебно кај американските гимнастичари.
Трагите се резултат на терапија за лекување која е посебно омилена меѓу Олимпијците.
Во основа, оваа техника подразбира ставање на чаша директно на кожата и пумпање со пумпа. Некои велат дека оваа техника го зголемува протокот на крв и помага мускулите побрзо да се залечат.
На местата каде биле чашите се јавуваат модринки кои траат две до три недели.
Еве како изгледа третманот:
-->
Како изгледаат модринките веднаш по терапијата:
Како изгледаат кај Мајкл Фелпс:
Н. Г. | Црнобело