Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


ATP Барселона: Надал и Нишикори играа тенис на врв на планина (видео)

На првиот натпревар во Барселона, Кеј Нишикори и Рафаел Надал, освојувачот на осум трофеи, имаа можност да играат тенис на малку поинаков начин.

atp-barselona-nadal-i-nishikori-igraa-na-vrv-na-planina-01.jpg

Двајцата тенисери разменуваа удари на врвот на планината Тибидабо која овозможува поглед во срцето на Каталонија.

Рафаел надал пристигнал во Шпанија само ден откако ја освои деветтата титула во Монте Карло, а повеќе од очигледно е дека уште еднаш сака да го освои и трофејот во Барселона кој го има освоено 8 пати во периодот од 2005-2009 и 2011-2013.

„Беше тоа голем ден. Играв на високо ниво цела недела, но морам да продолжам со ист ритам и наредните турнири. Цел ми е 2016-та да ми биде среќна година“ - изјавил Надал.

Кеј Нишикори дојде во Барселона по својата трета титула во низата омилени турнири од серијата 500.

„Сакам повторно да победам овде. Ова е мојот омилен турнир и најтешко натпреварување од серијата ATP 500. Оваа година ќе има силна конкуренција со шпански играчи, почнувајќи од Рафа“ - изјавил Нишикорина на финалето во Монте Крало.

„Гледав само дел од мечот. Рафа повторно е во одлична форма. Ако двајцата стигнеме во финале ќе биде тежок меч, но очекувам возбудлива недела“ - додал Нишикори.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нов „дијамант“ на македонската кошарка На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига во м...
Со пенисот ја турна пречката, па доби понуда од порно сајт – Кој е олимпиецот Антони Амирати? Во слободно време работи како резервист, а веќе откри кои му се плановите кога ќ...
Македонските сноуборд репрезентативци на ФИС Светскиот Сноуборд куп во Кортина, Италија Македонските сноуборд репрезентативци, Александар Кацарски (XMKD) и Миа Џагора (...
Шпанскиот ракометар Гурбиндо доби ќерка со сопругата Македонка - чекаа еден месец за да ги објават у... Во Македонија ја најде љубовта на својот живот, а сега шпанскиот ракометен репре...
Фото-споредби: Олимписките игри во Париз пред 100 години и денес Знаете ли дека пред 100 години, односно во 1924-та, Олимписките игри се одржувал...
Се откажа од фудбалот поради неиздржливи болки, дома беше претепан и ограбен: Животот на Роберто Баџ... Од моментот кога престана да биде професионален фудбалер, Роберто Баџо веќе не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg