Шампионско мени: Што јаде Новак Ѓоковиќ?
- Детали
- четврток, 09 април 2015
Секогаш гледаме дека спортистите имаат најзгодни тела и често се прашуваме од што сè се откажуваат или во каква храна уживаат за така да изгледаат.
Оние кои се врвни шампиони, пак, во својот спорт се чини дека живеат уште поригорозно. Но, тајната е во вистинското мени кое му одговара на организмот за да му даде доволно енергија.
Кога го гледате како игра Новак Ѓоковиќ и колку долго му траат некои мечеви, сигурно помислувате колку многу претходно јадел или колку ќе изеде по натпреварот.
Но тој има едноставно мени со висока енергетска и ниска калориска вредност.
Ова е неговиот појадок:
Чиа пудинг, банана, семки од сончоглед, бадемово млеко, ленено семе.
Ова е неговиот ручек:
Пред тренинг Новак јаде пилешка супа со тестенини од елда и порција тестенини без глутен со сушен домат, артичок и шпаргла.