Ѓоковиќ јавно му се извини на детето кое ги собира топките (видео)
- Детали
- понеделник, 06 април 2015
Во вториот сет од финалето во Мајами, Новак Ѓоковиќ изгуби од Енди Мареј и без да забележи кој има околу него се развика, додека во негова близина поминуваше детето кое ги собира топките.
Логично, детето се исплаши и се повлече, а во момент на афект и фрустрација Ѓоковиќ не ни помисли што прави и како тоа се чувствува.
По завршувањето на мечот и победата, се свести што направи, па како вистински професионален спортист објави видео порака во која им се заблагодарува на сите кои го поддржуваат и длабоко им се извини и ги замоли за прошка, детето кое поминуваше покрај него и неговите родители.
Откако и тој е татко, тврди дека сосема поинаку гледа на работите и многу внимава на однесувањето со децата, но понекогаш не може да си ги контролира емоциите.
Неколку пати повтори, се извини и побара прошка. Погледнете го целото видео и слушнете ја пораката: