- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Холандски медиум: Ноле е лешинар, со нецивилизирана публика
- Детали
- среда, 19 септември 2012
Холандската новинарка Никол Лукас, во исклучително навредлив текст за најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пишува дека тој е: „човек со коскесто лице, кукаст нос и црна коса, сличен на лешинарите“.
Таа во магазинот “Trouv” ги споредува Ѓоковиќ и Федерер. Нагласениот патриотизам на Новак е претворен во негативна особина, додека Федерер е претставен како човек без многу емоции кои поминува низ неверојатни спортски успери, како човек кој националноста воопшто не го одредува.
Приказната за Ѓоковиќ е приказна за неговото потекло, за земја со лоша репутација која многу влијаела на неговиот карактер. Новак имал 12 години во времето кога НАТО ја бомбардираше Србија, а бомбардирањето подоцна зема важно место во неговиот живот и кариера – оценува холандската новинарка.
„Ѓоковиќ и неговата врсничка Ана Ивановиќ може и се жртви на бомбардирањето на НАТО, но за сето ова е виновна Србија, која спроведуваше етничко чистење на Косово. Заради сето ова западните медиуми често го гледаат Новак и на еден друг начин“ – верува Никол Лукас.
„Тој потекнува од нецивилизиран дел на светот, неговите родители и навивачи не ги знаат правилата за однесување на тениските стадиони, тоа повеќе личи на фудбалска публика. Фотографиите на кои се прикажани неговите победи се најчесто оние со стиснати тупаници и гримаси. Сето ова изгледа грдо и агресивно“ – додава таа.
Во медиумите се појави и мислење на еден психијатар кој тврди дека Ѓоковиќ се посветил на тенисот заради желбата за доминација.