Браво! Македонка се закити со бронзен медал на Светското првенство во бодибилдинг во Токио

„Покрај сите животни предизвици, повреда на рамото и тоа што годинава ми беше невиден ролеркостер, и многупати се прашував дали сум на правиот пат, откажување и кукање никогаш не беа опција“, порача Катерина Попева пред помалку од 2 месеци, а сега повторно нè направи горди.

bravo-makedonka-se-zakiti-so-bronzen-medal-na-svetskoto-prvenstvo-vo-bodibilding-vo-tokio-01.jpg

Катерина Попева освои трето место на Светското првенство IFBB (International Fitness and Bodybuilding Federation) 2024 – Сениори кое се одржа во Токио Јапонија.

Светското првенство во Токио започна од 16-ти декември и трае до денес (19 декември).

bravo-makedonka-se-zakiti-so-bronzen-medal-na-svetskoto-prvenstvo-vo-bodibilding-vo-tokio-04.jpg

На нејзиниот Инстаграм профил осамна фотографија со трофејот оттаму.

Ова не е првпат Катерина да нè направи горди пред светот.

bravo-makedonka-se-zakiti-so-bronzen-medal-na-svetskoto-prvenstvo-vo-bodibilding-vo-tokio-05.jpg

Таа има многу натпревари и медали зад себе, а последно во низата беа две бронзени медали од Светскиот Куп во Санта Сузана на почетокот од месец ноември.

bravo-makedonka-se-zakiti-so-bronzen-medal-na-svetskoto-prvenstvo-vo-bodibilding-vo-tokio-07.jpg

Во таа пригода Катерина на Инстаграм објави:

„Покрај сите животни предизвици, повреда на рамото и тоа што годинава ми беше невиден ролеркостер, и многупати се прашував себеси дали сум на правиот пат, откажување и кукање никогаш не беа опција.

Секој труд на крајот дава плод. Се исплатеа сите непроспиени ноќи, глад, умор и секоја капка пот.

Никогаш да не се откажувате без разлика со каков предизвик и да се соочувате. Ништо не е перманентно, па ни маката, ни тешкотијата.

Сè поминува, но трудот и заслугата секогаш остануваат за да нè потсетуваат дека буквално сè е возможно, дури ни кога не верувате во себе и се чувствувате како да сакате да се откажете.

Повторно топ 3 на Светскиот куп во Санта Сузана. Благодарна до небо на можноста да стојам на оваа сцена.

Ви благодарам на сите за поддршката, честитките и што неуморно ме пратите“.

Тогаш Катерина порача и: „Се надевам ќе ве направам повторно горди. Следен предизвик Светско во Токио“ и навистина нè направи горди и во Токио. Честитки!

Kaтерина во Токио:

bravo-makedonka-se-zakiti-so-bronzen-medal-na-svetskoto-prvenstvo-vo-bodibilding-vo-tokio-02.jpg

Повеќе фотографии од неа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никола Јокиќ откри зошто веќе нема да ја носи бурмата на патиките – сигурно сопругата му се „заканил... „Нема да ризикува истото да му се случи третпат“ – велат низ смеа оние што го по...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Браво! Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс Македонецот Бобан Илиоски нè направи горди - ја освои титулата европски шампион ...
Ервин Цого испиша историја во македонскиот баскет, стана првиот Македонец кој настапил на World Tour... „Нема поголема чест од ова. Отсекогаш сум сакал да играм на World Tour, но никог...
„Македонија ова е за тебе!“ – Иџе ја посвети победата на Европскиот шампионат на татковината „Овој успех не е само мој, туку на цела Македонија!“ – порача Игор Стефановски И...
„Извини, љубов моја“ – Емотивно писмо од италијанскиот олимпиец кој ја изгуби бурмата во река во Пар... „Видов како прстенот ми се лизна и летна во водата додека го кревав италијанскот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg