Страда од депресија и анксиозност, почнал како гимнастичар: Кој е најбрзиот човек на планетата, Ноа Лајлс?

„Имам астма, алергии, дислексија, пореметување поради недостаток на внимание (ADD), анксиозност и депресија. Но, тоа не треба да ве дефинира“, вели најбрзиот човек на светот, Ноа Лајлс. 

strada-od-depresija-i-anksioznost-pochnal-kako-gimnastichar-koj-e-najbrziot-chovek-na-planetata-noa-lajls-01.jpg

Ноа Лајлс и официјално е најбрзиот човек на светот.

Тој освои злато на 100m на Олимпијадата во Париз, со време 9:79, што е за 0.005 секунди подобро од времето на Кишан Томпсон од Јамајка.

View this post on Instagram

A post shared by Noah Lyles (@nojo18)

Лајлс се разочара кога освои бронза на 200m, иако се бореше за златото, но по „слабиот“ настап беше откриено дека тој има Ковид и дека болеста влијаела на неговиот перформанс.

?

27-годишниот атлетичар со блескава кариера, кој е меѓу најсекси спортистите на Олимпијадата во Париз, сепак нема толку лесен и сјаен живот, како што делува на прва.

По победата на трката на 100m, тој на Твитер објави порака со која ја изненади јавноста, особено оние кои сега првпат го видоа младиот атлетичар и почнаа да навиваат за него.

„Имам астма, алергии, дислексија, пореметување поради недостаток на внимание (ADD), анксиозност и депресија. Но, ќе ви кажам дека тоа што го имате не треба да го дефинира тоа што ќе станете“, напиша Лајлс.

Но, оние кои го следат долго време, знаат дека атлетичарот, кој е и шесткратен светски шампион, отворено зборува за психолошките и здравствени проблеми. Тој во време на короната призна дека страда од депресија и дека почнал да зема антидепресиви.

„Тоа беше една од најдобрите одлуки што ја донесов“, рече во интервју потоа Лајлс.

Што знаеме за олимпискиот шампион?

Роден е на 18 јули 1997 година на Флорида.

Има брат и сестра, Џозеф и Аби. Неговите родители се развеле кога бил мал, па татко му останал на Флорида, а тој со мајка му и братот и сестрата, почнал да живее во државата Вирџинија.

Првиот напад на астма го имал на 3 години, но лекарите му ја дијагностицирале болеста кога наполнил 5 години.

Астмата имала големо влијание врз неговиот живот - мајка му го реновирала домот за таму да има што е можно помалку предмети кои може да му предизвикаат напад, а му го сменила целосно и начинот на исхрана. 

Неколкупати завршил во болница со силни напади, кашлање без престан кое траело со денови и ослабнат имунолошки систем.

Конечно, на 7 години ги извадил крајниците, што му го олеснило дишењето.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Единствениот човек што сакал да ги открие деталите за Шумахер се „обесил“ во затвор Во овие 10 години сите обиди да се објават детали за здравствената состојба завр...
Дедо ѝ ја посвоил бидејќи мајка ѝ била алкохоличар, висока е 142 cm – Факти за Симон Бајлс, најпозна... Симон Бајлс има освоено осум олимписки медали, од кои пет се златни, но вели дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg