Страда од депресија и анксиозност, почнал како гимнастичар: Кој е најбрзиот човек на планетата, Ноа Лајлс?

Кога почнал полесно да се носи со астмата, мајка му го запишала во јавно училиште, каде што првпат почнал да создава пријатели, иако не му одело лесно.

Во тоа време почнал да се бори со нарушување поради недостаток на внимание (ADD - Attention Deficit Disorder), и со блага форма на дислексија.

Сето ова го оддалечило од неговите врсници.

View this post on Instagram

A post shared by Noah Lyles (@nojo18)

Сепак, во тоа време го открил спортот и почнал да се занимава со гимнастика.

На 12 години решил дека гимнастиката не е за него, и ја заменил со трчање.

Додека со брат му ја гледале Летната олимпијада во Лондон во 2012 на телевизија, решиле да дадат сè од себе и да трчаат на ЛОИ во 2016 во Рио.

Во 2014 Лајлс се натпреварувал на Младинската олимпијада во Кина и освоил злато на 200m.

По ова почнале да се редат натпревари и медали.

Меѓу најзначајните, пред оваа Олимпијада, му се бронзата на ЛОИ во Токио 2020 на 200m и шесте злата на Светските првенства од 2019 до 2023 година на 100m и 200m.

Лајл држи и интересен рекорд - 37 пати трчал под 20 секунди на официјални трки од 200m, што е многупати повеќе од кој било атлетичар досега.

Скоро секогаш е со лакирани нокти, поради што, многупати е критикуван во јавноста.

Но, Ноа вели дека не го допираат туѓите мислења и коментари.

Прочитајте и 10 најсекси спортисти на Олимпијадата во Париз 2024

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Единствениот човек што сакал да ги открие деталите за Шумахер се „обесил“ во затвор Во овие 10 години сите обиди да се објават детали за здравствената состојба завр...
Дедо ѝ ја посвоил бидејќи мајка ѝ била алкохоличар, висока е 142 cm – Факти за Симон Бајлс, најпозна... Симон Бајлс има освоено осум олимписки медали, од кои пет се златни, но вели дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg