Извајано тело и продорни сини очи: Германката Алисија (25) е „најзгодната спортистка во светот“ (фото)
- Детали
- вторник, 09 април 2024
Има 25 години и беше дел од олимпискиот тим на Германија во 2020-та, но тогаш не се натпреваруваше. Сепак, и покрај популарноста и успесите, Алисија Шмит вели дека заработката од нејзината професија е многу мала.
Алисија Шмит од Германија неретко е нарекувана најсекси спортистка во светот.
А, покрај изгледот, 25-годишната девојка може да се пофали и со импресивна спортска кариера.
Алисија е професионален тркач и се натпреварува на трки од 400 метри. Таа беше и дел од олимпискиот тим на Германија во 2020 година во Токио, но тогаш не се натпреваруваше.
Талентираната девојка почна да го привлекува вниманието на јавноста уште во 2017 година, кога од германски медиум беше наречена „најзгодната спортистка во светот“.
Ова ѝ помогна да стекне и интернет слава, па сега на Инстаграм има над 5 милиони следбеници. Младата девојка има соработка и со познатиот бренд Hugo Boss.
И покрај популарноста на Инстаграм и соработката со Hugo Boss, Алисија вели дека нејзиниот главен приход е германската спортска фондација Sporthilfe и има плата од околу 700 евра месечно.
Но, и покрај ниската плата, Алисија откри дека неодамна одбила понуда за соработка со бренд кој ѝ понудил хонорар повисок од 100.000 евра.
Имено, таа ја одбила примамливата понуда бидејќи од неа барале да прави нешто што не сакала, но не откри што точно.
Алисија и претходно има зборувано за тоа дека германските атлетичари не можат да заработат многу од оваа професија, дури и кога се успешни.
Таа вели дека сонот на секој спортист е да се натпреварува со врвни спортисти, но дури и да му се оствари овој сон, не значи дека ќе има доволно средства за себе.
Поради ова, Алисија е среќна што е популарна на Инстаграм и што преку профилот има можност да соработува со помали брендови.