Се прослави со голите гради во песната „Boys“, се бореше со депресија: Сабрина Салерно на 55 години е секс-симбол
- Детали
- среда, 15 март 2023
„Целата приказна се крие зад тоа фамозно бело бикини. Видеото се снимаше можеби 15 минути. Не знаев дека ми ѕиркаат градите. Кога фотографиите се појавија во весниците, многу му се налутив на режисерот. Му реков дека градите ми се гледаат премногу“, вели Сабрина Салерно (55), која стекна светска слава со спотот за песната „Boys“. Како изгледа таа денес, на 55 години?
Италијанската пејачка и модел Сабрина Салерно на 55 години е вистински секс-симбол.
Висока, згодна, со младешки лик, таа и понатаму привлекува внимание со изгледот. Се прослави со песната „Boys“, единствениот хит во нејзината кариера.
Но и понатаму повеќе ја памтат по голите гради кои ѝ ѕиркаа од под белите бикини и спотот што го цензурираа, отколку по пеењето.
Сабрина Салерно е родена на 15 март 1968 година. Таа стана секс-симбол во целиот свет на крајот на 1980-тите години. Се прослави со спотот за песната „Boys (Summertime Love)“ во 1987 година и никогаш повеќе не го повтори истиот успех.
Но, и една песна беше доволна за генерациите да ја паметат и денес и да раскажуваат за раскошната Италијанка чии голи гради ѕиркаат од под белото бикини во базенот.
Песната беше прва на топ-листите во Франција и Швајцарија. Беше популарна и на Балканот, па ја имаше и во топ-десет листите на повеќето југословенски радија, каде што и денес се пушта како ретро-хит.
„Целата приказна се крие зад тоа фамозно бело бикини. Видеото се снимаше можеби 15 минути“, рече подоцна Сабрина и призна дека всушност требало да се работи за снимање краток клип за телевизиско шоу, а не за видеоспот кој ќе крене толкава прашина.
Во видеото, бикинито ѝ паѓа, па се ѕиркаат градите, поради што YouTube неколкупати го цензурираше спотот, а и денес се најавува како видео со експлицитни сцени.
„Фотографиите од снимањето ги немав видено пред да ги објават. Кога се појавија во весниците, заедно со видеото на телевизија, многу му се налутив на режисерот. Му реков дека градите ми се гледаат премногу“, призна таа.
Но, токму тоа ја направи позната.