Се прослави со голите гради во песната „Boys“, се бореше со депресија: Сабрина Салерно на 55 години е секс-симбол
-->
Сабрина стана секс симбол не само на Италија, туку и на целиот свет. Брзо по објавувањето на спотот еден француски магазин ја прогласи за најубава жена на светот.
Во 1980 година победи на натпревар за убавина и тоа ја поттикна да се занимава со манекенство. Сликаше за најпознатите италијански списанија, а фотографиите ги преземаа и европските медиуми.
Покрај пеењето и манекенството, Сабрина се занимаваше и со глума, а беше и водителка на телевизија.
-->
Во 1987 година таа го издаде својот прв албум „Сабрина“. Но албумот доживеа фијаско, а таа се скара со менаџерите поради пари.
Тоа ја натера да се повлече од сцената. Живееше на село и неколку години ја немаше во јавноста. А кога повторно се врати, призна дека се борела со депресија, од која едвај се повратила.
Во 2010 година уште еднаш се проба како пејачка и сними дует со американската пејачка Саманта Фокс, преработка на хитот на Блонди „Call me“. А бидејќи Сабрина често ја нарекуваа „италијанската Саманта Фокс“, оваа соработка привлече големо внимание.
Денес Салерно работи како ТВ-водител, а повремено ја ангажираат и како манекенка, па слика мнодни едиторијали за италијанските списанија.
-->
-->
Во 2006 година се омажи за Енрико Монти, со кого го има синот Лука Мариа Монти.
-->
Активна е и на Инстаграм, каде што ја следат 1.3 милиони луѓе. Таму секојдневно објавува слики и видеа, некои од нив многу попровокативни од сликите од спотот за „Boys“ што ја прослави пред 36 години.
Својата витка линија ја одржува со вежбање до четирипати неделно и со правилно јадење. Вели дека консумира многу малку јаглехидрати, но дека ужива во големи количини овошје и зеленчук.
-->
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?
Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“
Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден
Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година
Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година
„Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...