Ким и Канје во Прага, Џон и Криси во Портофино: Најпопуларните романтични дестинации за меден месец на познатите
- Детали
- недела, 12 март 2023
Откако Ким Кардашијан и Канје Вест го поминаа медениот месец во Прага, фановите коментираа дека бракот им е осуден на пропаст, бидејќи потфрлиле во изборот. Тие се разведоа лани во ноември. На кои дестинации го поминаа медениот месец другите славни парови?
Свадбите на славните отсекогаш го привлекувале вниманието на јавноста, но подеднакво големо внимание предизвикува и нивниот меден месец.
Каде патуваат, колку е луксузен хотелот во кој престојуваат, дали избрале романтична дестинација со плажа или некој од најромантичните градови во светот.
Некои од најромантичните дестинации на кои познатите го поминаа својот меден месец:
Хилари Даф и Метју Кома – Јужна Африка
Парот беше на патување во Јужна Африка за својот меден месец. Тие уживаа на сафари во националниот парк Кругер и ја истражуваа планината Тафелберг.
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил – Танзанија
По својата свадба, пејачот и глумицата престојуваа во познатиот ресорт Sangita Daru Faru во Танзанија. Додека беа во Африка, тие го посетија и единствениот приватен резерват во земјата, Singita Grumeti, за да ги видат дивите животни одблизу и да уживаат во возењето со балон.
Софија Вергара и Џо Манганиело – Туркс и Кајкос
Популарните глумци одлетаа на карипскиот остров Туркс и Кајкос по свадбата. Тие уживаа во луксузното одморалиште Parrot Cay by Como.
Џон Леџенд и Криси Тајген – Портофино
Музичарот и моделот за меден месец го избраа италијанското гратче Портофино. Тие претходно се венчаа на езерото Комо во Италија, а по Портофино, медениот месец го продолжија и на крстарење покрај италијанскиот брег.
Никол Кидман и Кит Урбан – Бора Бора
Австралиската глумица и музичарот за меден месец го избраа островот Бора Бора во Тахити. Тие престојуваа во St. Regis Bora Bora.
Иан Сомерхолдер и Ники Рид – Тулум
Глумецот од „Vampire's Diaries“ и актерката од серијалот „Twilight“ за меден месец го избраа Тулум во Мексико.
Серена Вилијамс и Алексис Оханиан – Бахами
Светската тенисерка и бизнисменот за меден месец ги избраа Бахамите. Тие престојуваа во Камаламе Кеј, во раскошна приватна вила.
Џо Џонас и Софи Тарнер – Малдиви
Музичарот и глумицата за медениот месец уживаа во Soneva Fushi Рesort на Малдивите.
Ким Кардашијан и Канје Вест
Ријалити ѕвездата и музичарот медениот месец го поминаа во Прага. Додека уживаа во Чешка, Ким на Твитер напиша дека уживала во опуштеното патување во Прага.
Но, фановите ѝ коментираа дека со Канје избрале погрешна локација за меден месец и дека бракот им е од почеток осуден на пропаст. Парот официјално се разведе лани во ноември.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон – Сејшели
Принцот и принцезата од Велс заминаа на Сејшели веднаш по нивната свадба во април 2011 година. Тие избраа да престојуваат на приватниот остров Норт Ајланд, каде што избегаа од папараците.
А. Ј. | Црнобело