Адел со потег за пофалба: Се потпишала на венчаницата на невеста која по свадба ѝ дошла на концерт
- Детали
- понеделник, 06 март 2023
Адел е позната по емотивните гестови на нејзините концерти, а неодамна израдува млад пар кој отишол на нејзин концерт веднаш по свадбата. Пејачката ги забележала во публиката и не само што им честита, туку и се потпиша на венчаницата, а нив им се исполни желбата Адел да им пее на свадба.
Минатата недела Адел одржа концерт во Лас Вегас, а млад брачен пар решил да оди на настанот веднаш по венчавката.
На нивно големо изненадување, Адел ги забележа и не само што им честита лично, туку и се потпиша на венчаницата на девојката.
Младата невеста се пофали за емотивниот момент и со Инстаграм објава.
Во видеото, парот е облечен исто како на свадбата, а во мигот кога Адел им приоѓа, почнуваат да скокаат од среќа.
Пејачката прво им честита, а потоа и се потпишува на венчаницата.
„Викенди со Адел. Ја најдов љубовта на мојот живот и овој маж беше одлучен Адел да пее на нашата свадба…
7 години подоцна, сите наши соништа се остварија. Ти благодариме Адел што ни даде сеќавање за целиот живот“, стои во описот.
Во коментари, покрај бројните честитки, многумина ја фалат Адел за тоа што одвоила минута-две за да му ја разубави свадбата на парот:
„Многу добро од Адел што го направи ова“.
„Ова е најкул нештото на светот! Честитки!“
Подоцна и Адел сподели фотка од моментот, заедно со други фотографии од концертот.
Ова не е првпат пејачката да изреагира емотивно на фановите.
Кон крајот на минатата година, девојка си направи забава на концерт на пејачката по повод разводот, а Адел дури и се расплака кога ја забележа во публиката.
Спирова С. | Црнобело