Џенифер Лопез и уште 8 познати родители кои ги поддржаа своите трансродни деца
Анџелина Џоли и Бред Пит
Бред Пит во интервју кај Опра во 2008 година, рече дека неговата ќерка Шајло повеќе сака да ја викаат Џон. Шајло со години носеше костуми и машка облека, но потоа почна да ја пушта косата и да се облекува во поженствени парчиња облека.
Шарлиз Терон
Во интервју од 2019 година, Шарлиз Терон сподели дека едно од нејзините две посвоени деца е трансродно и дека тоа го открило уште кога имало 3 години. Познатата глумица со години ги држи децата подалеку од медиумите и пробува да ги заштити така што скоро и да не објавува фотки од нивните лица на социјалните мрежи, но од друга страна гласно ги поддржува трансродовите лица и нивните права.
Шер
Легендарната пејачка Шер не крие дека имала проблем да го прифати својот син Чез кога на крајот на 2000-те години ја почнал постапката за промена на полот. Денес, таа е голем поддржувач на ЛГБТ заедницата.
„Се сеќавам дека на почетокот не сакав ни да кренам на телефон кога ќе ми се јавеше, толку ми беше тешко. Денес ми е жал што не попуштив порани“, изјави Шер во интервју за USA Today.
Пинк
Американската пејачка од шест години ја воспитува ќерката Волоу во духот на родово неутрални деца.
„Еден ден во нејзината градинка видов натпис дека не сакаат родово неутрални деца. Го пречкртав и напишав дека ни треба напредок. Оттогаш оставам моите деца самите да го изберат својот пол, а јас ќе бидам среќна со тоа“, рече Пинк.
A. J. | Црнобело