Џенифер Лопез и уште 8 познати родители кои ги поддржаа своите трансродни деца
- Детали
- сабота, 11 март 2023
Шарлиз Терон, Анџелина Џоли, Синтија Никсон и Шер се само дел од познатите личности кои јавно ги поддржаа своите трансродови и родово-неутрални деца...
Дел од нив велат дека на почетокот им било тешко да ги прифатат промените, но по првиот шок решиле да им дадат поддршка бидејќи чувствуваат безусловна љубов кон нив.
Други, пак, полесно ги прифаќаат промените. Велат дека тие не сакаат да го одредат полот на детето, без оглед во какво тело е родено, па ќе остават тоа самото да реши дали е машко или женско кога ќе порасне.
Кои се тие?
Џенифер Лопез
Светската ѕвезда Џенифер Лопез од бракот со Марк Антони ги има близнаците Еме и Макс. Иако до пред две години зборуваше за своите син и ќерка, во последните интервјуа Лопез не користи родови заменки за Еме.
Таа изјави дека Еме е родово неутрална и дека пејачката го поддржува изборот на своето дете.
Двејн Вејд и Габриел Јунион
Глумицата Габриел Јунион и кошаркарот Двејн Вејд имаат четири деца. Тие неодамна ја поддржаа нивната ќерка Заја да открие дека е трансродово лице.
„За нас е важно да живееме и да сакаме гласно. Не разбравме точно зошто мора да зборуваме за транс-идентитетот на Заја, тоа е лична работа, но на многу луѓе им треба пример, таков вид на претставување, за и тие да ги прифатат своите деца ако се најдат во слична ситуација,“ рече Габриел во интервју за Buzzfeed.
Синтија Никсон
Глумицата Синтија Никсон во 2018 година објави слика од дипломирањето на нејзиното најстаро дете и напиша дека е горда на синот Семјуел Џозеф Мозес, кој е роден како девојче.
„Го поздравувам него и сите останати кои го одбележуваат денешниот ден на трансродните лица“, напиша таа и додаде: „Нема ЛГБ без Т“.
Џејми Ли Кертис
Популарната глумица Џејми Ли Кертис има трансродна ќерка. Таа одамна е гласноговорник за правата на трансродните лица, па неодамна јавно ѝ го честита роденденот, но во честитката им се обрати и на сите родители чии деца го смениле полот.
„Денес е роденден на мојата транс ќерка. Горда сум и благодарна што сум родител на транс дете и испраќам поддршка до сите транс семејства низ САД кои во овој момент се мета на конзервативните законодавни тела“, напиша таа.
Меган Фокс
Кога Ноа, синот на Меган Фокс и Брајан Остин Грин, облече фустан на 5-годишна возраст, глумицата рече дека ги поддржува сите свои деца какви што се.
„Кога останав бремена со Ноа, можев да почувствувам, преку интуицијата на една мајка, дека тој нема да се потпира на родови стереотипи, па решив рано да му обезбедам средина што ќе му овозможи да открие како сака да се изрази“, рече таа во интервју.