„Каде беше целиот мој живот“ - Љубовта на Пријанка Чопра и Ник Џонас ги надминува разликата во години и религијата
Иако и на Пријанка ѝ се допаднал Ник, нивната врска не започна веднаш, туку неколку недели подоицна кога случајно се сретнале во кино. Двајцата биле со пријатели да го гледаат The Beauty and the Beast и се договориле овојпат да се видат. По неколку состаноци се појавија заедно на Мет гала, во време кога никој не можеше да претпостави дека се пар. Брзо потоа Ник ја побара за жена.
„Повторно клекнав на едно колено и ѝ реков: 'Дали ќе ме направиш најсреќниот човек на светот и ќе се омажиш за мене?' Беа потребни околу 45 секунди. 45 секунди тишина. Се препотив додека чекав да прозбори. Сега ќе ти го ставам прстенот на рака, освен ако немаш приговори“, раскажа Ник потоа во интервју и рече дека дури откако ѝ го ставил прстенот, таа рекла „да“.
Бидејќи Пријанка и Ник не сакаа да пропуштат ништо од нивните култури и религии, тие направија две венчавки, едната со сите индиски традиции, другата во американски стил. Направија дури четири церемонии и свечпености за да ја прослават својата љубов.
„Кога изглегов и го видов како стои пред олтарот, со сонцето зад него, беше како бајка за мене,” призна Чопра подоцна во интервју.
Три години подоцна ги надминаа и гласините за брачните кавги и разводот. Наместо тоа, на светот ја претставија својата ќерка Малти, која ја добија преку сурогат мајка. Долго време не објавуваа нејзини слики во јавноста, а го криеја и името на бебето. Но, не пропуштаа да кажат дека светот им е сменет.
„Не можевме да поверуваме дека родителството може да биде толку убаво. Не постои поголема радост од оваа“, велат глумицата и пејачот и додаваат дека сакаат да имаат повеќе деца, но за сега се среќни што ќерката им донесе нова љубов во животот.
А. Ј. | Црнобело