„Каде беше целиот мој живот“ - Љубовта на Пријанка Чопра и Ник Џонас ги надминува разликата во години и религијата
- Детали
- сабота, 11 март 2023
„Па ти си вистинска. Каде беше целиот мој живот?“ - ѝ рекол Ник Џонас на Пријанка Чопра кога првпат се сретнале во живо, воодушевен од нејзината убавина. Таа е 10 години повозрасна од него, двајцата се од различни религии, а нивната приказна покажува дека понекогаш љубовта навистина не познава граници. Прочитајте како започнала нивната љубов.
Љубовната приказна на Пријанка Чопра и десет години помладиот Ник Џонас е една од омилените во светот. Иако многумина велат дека поранешната Мис на светот и познатиот музичар од Jonas Brothers едноставно не си одговараат како пар, тие веќе шест години се во среќна врска која ги надмина разликата во години, далечината и верата. Двојката преку сурогат мајка лани ја доби и ќерката Малти, па откако станаа родители велат дека се вистинско среќно семејство.
Пријанка Чопра е родена 1982 година во Индија. Од дете сакала да глуми и пее, а страст ѝ е и манекнството. Поради проблеми со самодовербата, како тинејџерка се сели кај својата тетка во Америка. На 18 години се враќа во родната земја, каде што беше избрана за Мис Индија. Истата 2000 година Пријанка победи и на изборот за Мис на светот.
Една година откако Пријанка ги заврши своите обврски како Мис, кога патуваше во сиромашните земји, но и на гала настани, таа почна да глуми во Боливуд. Не требаше многу да стане позната и сакана.
Но, Пријанка реши повторно да ја остави татковината и да проба да се пробие во Холивуд. Тоа ѝ успеа уште со првата аудиција, кога ја доби главната улога во серијата Quantico, по што следеа Baywatch, Matrix, The White Tiger, а наскоро ќе има премиера нејзиниот нов филм, љубовната комедија Love Again.
И додека Пријанка градеше светска кариера, нејзиниот десет години помлад сопруг уште одеше на училиште. Ник Џонас е роден 1992 година. Од дете имал голем музички талент, исто како и неговите двајца браќа Џо и Кевин. Заедно ја формираа групата Jonas Brothers, која за кратко стана многу популарна во САД.
Хитови, телевизиски гостувања, концерти, по што Ник и Пријанка полнаа да се движат во истите кругови. Сепак, не се запознале на гала настан, туку преку „Твитер“, кога Ник ѝ испратил порака за да ѝ каже дека неколку пријатели му рекле дека треба да се сретнат. Пријанка му го дала својот број и се допишувале шест месеци пред да се сретнат.
„Па ти си вистинска. Каде беше целиот мој живот?“ - ѝ рекол Ник кога првпат се сретнале во живо, воодушевен од нејзината убавина.