Не го познава биолошкиот татко, гласини дека со Пол Вокер биле во лоши односи – Факти за Вин Дизел
Дел од таблоидите пишуваат и за мрачната страна на актерот и за неговите тајни што наводно тој не сака никој да ги дознае. Според некои од светските таблоиди, Вин, кој е полн со енергија во улогите што ги игра, во приватен живот е многу мрзелив.
Така уште кога го снимиле првиот дел од Fast and Furious неговиот ПР тим му дал отказ, затоа што актерот не сакал да се појави и да го промовира остварувањето. Вработените со денови го барале на телефон, а тој не сакал да им крене слушалка за на крај да им каже: ‘болен бев’.
Уште една мрачна страна за која никој не зборува е вистинскиот однос што тој го имал со Пол Вокер.
Иако по смртта на неговиот колега од Fast and Furious Вин редовно со солзи во очите зборува за тоа колку му недостига човекот кого го сакал како брат, некои од луѓето што соработувале со нив тврдат дека тие двајца биле лути ривали и дека Пол денес би бил изненаден од однесувањето на колегата.
„Пол и Вин веќе не се поднесуваа. Пол рече дека Вин секогаш се обидува да го надмине на снимањата, се обидува да биде во фокусот на вниманието, им се додворува на продуцентите за да изгледа добро и да му наштети“ – пишува The National Enquirer.
Познато е дека Вин Дизел имаше јавна кавга и со Двејн Џонсон, попознат како The Rock, по што вториот актер одлучи поовеќе да не игра во Fast and Furious, а во една прилика рече дека „Вин е манипулатор“ кој не бира средства.
Освен ова, за Вин честопати се пишува за неговата врска со Палома Хименез со која е заедно околу 14 години и со која има 3 деца. Во 2016-та година тој се најде среде скандал кога дел од светските таблоиди шпекулираа дека актерот ја изневерил партнерката со друга девојка.
Настрана од гласините и пишувањата Вин останува мошне популарен актер, кој преку улогата на Доминик Торето нè учи колку е важно семејството.
Б. С. Б. | Црнобело