На 13 години станал зависен од опојни супстанци, 7 години бил во затвор – Приказната за првиот син на Мајкл Даглас
- Детали
- сабота, 25 февруари 2023
Мајкл Даглас призна дека ангажирал луѓе за да го киднапираат синот и да го однесат на рехабилитација, а кога тоа не помогнало, прекинал да му дава пари. Камерон по ова почнал да краде и да продава дрога, за што 7 години ќе помине во затвор. Каде е денес и што прави првиот син на Мајкл Даглас?
Освен што има две деца од бракот со Кетрин Зита-Џонс, актерот Мајкл Даглас има уште еден син од бракот со првата сопруга Диандра Лукер, Камерон Даглас (44).
Камерон многу наликува на неговиот славен татко, а неговата животна приказна е исполнета со голем број скандали и падови.
Разводот на Мајкл Даглас со Диандра Лукер беше топ тема во медиумите во периодот во втората половина на 90-тите години на минатиот век – како заради големиот број неверства на Мајкл Даглас и неговото отворено признание дека е зависен од секс, така и заради тоа што ѝ исплати на поранешната сопруга 45 милиони долари за да се разведе од неа.
Прочитајте и Му зема 45 милиони долари за да му даде развод, ја обвинуваат дека е лоша мајка – Која е првата сопруга на Мајкл Даглас?
Неколку години по скандалите поврзани со разводот на Мајкл Даглас, уште еден член на ова познато филмско семејство почна да ги полни страниците во таблоидите, а тоа е синот од првиот брак на Мајкл, Камерон.
Да погледнеме некои од најинтересните факти за најстариот син на Мајкл Даглас:
Камерон Даглас е роден во 1977-ма година, а досега повеќепати зборувал за борбата со зависностите, но и притисокот што го трпел како дете кое потекнува од едно од најпознатите холивудски семејства.
Тој отворено зборуваше за тоа како уште додека бил многу мал имал можност во својот дом да го гледа татко му и неговите познати колеги како уживаат во забавите во рамки на кои често присутните консумирале големи количества алкохол и опојни супстанци.
„Татко ми знаеше да ми каже: ‘Еј однеси му го ова на чичко ти’ и јас ќе го направев тоа, не знаејќи што е тоа што го носам во рацете. Кога потпораснав знаев да се измолкнам од куќата и да видам повеќе од она што требаше да го видам“ – раскажува Камерон.
Камерон имал само 7 години кога мајка му, Деандра, нашла ќеса со марихуана во багажот на татко му кој претходно се вратил од патување и му рекла:
„Знаеш ли што е ова Камерон? Татко ти се дрогира“ – му рекла и му кажала дека освен тоа, Мајкл има афери, по што почнала постојано да плаче и неконтролирано да консумира храна.