9 непријатни ситуации кои Меланија Трамп сака да ги заборавиме

Формално ракување со Доналд Трамп

На настан во 2017 година, Меланија го најави сопругот Доналд кој држеше говор пред американски војници.

Кога заврши со најавата, Доналд ѝ пријде и се ракува со неа.

И ова видео стана вирално и се споделуваше со шеговити описи, како:

„Ништо не кажува дека ја сакам сопругата како цврсто ракување“.

Непријатна средба со Мишел и Барак Обама

Меланија се најде во бројни непријатни ситуации уште на денот на инаугурацијата на Доналд.

Кога отидоа во Белата куќа на средба со Мишел и Барак Обама, најпрво Доналд ја остави сама да се качува по скалите.

Потоа Меланија малку се збуни при поздравувањето со Мишел, а на крај таа ја збуни Мишел бидејќи ѝ даде подарок.

Тажниот израз на Меланија

Веројатно претпоставувате дека следува уште еден непријатен момент од инаугурацијата на Доналд.

Овојпат, Меланија изгледа навистина тажно додека стои зад сопругот, а моментот беше споделен со гиф, со опис:

„Се чини дека единствениот ѕид што го изгради Доналд Трамп е помеѓу него и Меланија“.

Според People, твитот бил лајкнат од тогашниот официјален профил на Меланија, но подоцна лајкот бил тргнат.

Чудна реакција кога ја здогледува Иванка

Наводно, Меланија и ќерката на Доналд – Иванка – не се во најдобри односи, а ова одлично го покажува видео од 2020 година.

https://twitter.com/SantiG08/status/1299171844222644225

Мораше да го потсети Доналд да не гледа во Сонцето за време на соларна еклипса

За време на соларната еклипса во 2017 година, Доналд Трамп неколкупати погледна кон небото без никаква заштита.

Кога забележа што прави, Меланија го праша каде му се специјалните очила.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тоа е лажна Меланија“ - Меланија Трамп со Доналд на гласање во веќе виден фустан и очила за сонце н... „Таа личност што стои до Трамп и носи огромни очила НЕ изгледа како Меланија“, „...
Како Меланија Трамп ги троши милијардите на Доналд? Нејзината колекција чевли чини колку луксузен автомобил, а еднаш потрошила 100.0...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...
Сестрата и мајката на Мараја Кери починале во ист ден: „Срцето ми се крши за оваа трагедија“ Изминатиот викенд, починале мајката и сестрата на Мараја Кери, а тажните вести г...
Бурниот живот на Лајза Минели: Сопругот ја изневерувал со мажи, 4 пати се разведувала Поранешниот шофер ја тужел за сексуално малтретирање, додека за двајца од нејзин...
Од совршена домаќинка, до затворска казна: Лудата животна приказна на првата милијардерка од САД Со имиџот на совршена домаќинка и мајка, Марта Стјуарт стана првата Американка к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg