Мајкл Даглас (78) со поглед ѝ се воодушевува на својата гламурозна сопруга Кетрин Зита-Џонс (53)
- Детали
- петок, 17 февруари 2023
Ова е погледот на маж кој е вљубен во својата сопруга и на 78 години и ѝ се воодушевува по 22 години брак – Мајкл Даглас не ја пушта од раце и не може да ѝ се изнагледа на Кетрин Зита-Џонс која изгледа гламурозно на премиера на филм на нејзиниот сопруг.
Мајкл Даглас и Кетрин Зита-Џонс се еден од омилените парови во Холивуд, кои и покрај големата возрасна разлика, секогаш се инспиративни и изгледаат вљубено, каде и да се појават и по 22 години брак.
Овојпат тие дотерани од глава до пети се појавија на виолетовиот тепих на премиерата на Ant-Man And The Wasp: Quantumania во Лондон и ги привлекоа сите погледи кон себе.
53-годишната актерка мамеше воздишки во прекрасна сина тоалета, со раскошно деколте, а нејзиниот сопруг модно ѝ одговараше во тегет одело.
Мајкл, како вистински џентлмен, ја држи за рака својата сопруга, а во еден момент фотографите го уловија како не може да го тргне погледот од неа и се воодушевува на нејзиниот гламур.
Неговата реакција стана хит и доказ за тоа дека љубовта навистина може да трае вечно.
Повеќе фотки од парот на настанот:
M. M. | Црнобело