„Бебето и мајката борец“: Која е скриената порака во фустанот на Кјара Ферањи со златен оклоп и бебе на градите?
- Детали
- понеделник, 13 февруари 2023
„Тежината на златниот оклоп на градите на Кјара е сила која не мора да ја имитира машката за да биде еднаква на нив“ – фустанот со скулптура на бебе и златен оклоп во кој Италијанката се појави, крие моќна порака дека жената не треба да се гледа само како репродуктивна машина.
Кјара Ферањи предизвика низа реакции со фустаните во кои се појави минатата недела на Сан Ремо, кои во себе криеја моќни пораки.
На последниот ден на фестивалот, таа повторно не остави никого рамнодушен, а овојпат се фокусираше на моќта на жените, но не само како мајки.
Италијанката се појави во син сатенски фустан, а наместо разголено деколте, на себе имаше скулптура која наликува на златен воен оклоп и на градата држи златна скулптура на бебе.
Стајлингот дефинитивно не помина незабележан, а во објаснувањето во нејзината објава, како порака од брендот Schiaparelli стои:
„Да се биде жена без да се гледа на неа само како мајка.
Феминистичката борба против чувството на вина за тоа што посакуваме да помириме сѐ – вака гласи темата која побаравме Даниел Роузбери да ја елаборира за овој фустан, направен од Schiaparelli.
Тежината на златниот оклоп како скулптура на градите на Кјара, претставува сила заради која не мора да се имитира машката, за жените да се сметаат за еднакви. Сатенскиот фустан пак, е обоен во сино, бидејќи оваа боја секогаш асоцирала на светоста на мајчинството, а тука преку него е претставен стереотип за мајката која дои златно бебе.
Тоа за што треба да се бориме секој ден е жените да не се гледаат само како репродуктивни машини“.
Покрај овој фустан, Кјара вечерта се појави во уште три уникатни креации, секоја од нив на различен начин отсликувајќи ја моќта на жените.
Целта на кампањата на брендот е да се ослободи женското тело и жената со него да прави што сака, бидејќи тоа е најголемото ремек-дело.
М. М. | Црнобело