Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возачи 01-10-2024


Објави видео со тело на маж кој се самоубил и уште 5 скандали на популарниот јутјубер Логан Пол

Снимање во озлогласената „шума за самоубиства‘ во Јапонија

Во Јапонија има шума – Аокигахара – која неретко е нарекувана „шума на самоубиства“. Причината е тоа што шумата е место каде што многу луѓе од околината извршуваат самоубиство.

Неретко овде можете да налетате и на мртвото тело на личност која си го одзела животот.

Ова е многу чувствителна тема, но тоа не го спречи јутјуберот во 2017-та овде да направи видео за неговиот канал. Во видеото, јутјуберот се движи низ шумата, па дури и снима едно мртво тело.

Видеото собра 6 милиони прегледи за само еден ден, а Логан се соочи со остри критики од јавноста.

Следниот ден тој го избриша видеото и се извини, но веќе си направи штета – Јутјуб извесен период му забрани да заработува од неговите видеа преку реклами.

Наводно, поради видеото, Логан изгубил и договор за рекламирање со Гугл вреден неколку милиони.

Во објавата со извинувањето, јутјуберот истакнува дека не го снимил видеото за прегледи:

„Никогаш не сум се соочил со вакви критики, бидејќи никогаш претходно не сум направил ваква грешка. Опкружен сум со добри луѓе и верувам дека донесувам добри одлуки, но сепак сум човек. Можам да погрешам. Не го снимив видеото за прегледи. Имам многу прегледи (и без него).

Го снимив бидејќи мислев дека ќе предизвика нешто позитивно на интернет, а не бура од негативност. Сакав да ја зголемам свесноста за самоубиство и спречување самоубиство и си мислев ’ако ова видео спаси само еден живот, ќе вреди‘“.

objavi-video-so-telo-na-mazh-koj-se-samoubil-i-ushte-5-skandali-na-popularniot-jutjuber-logan-pol-07.jpg

Морничаво видео со мртви стаорци

Кратко по видеото со јапонската шума, Логан Пол објави уште едно контроверзно видео.

Овојпат јутјуберот се снимал како користи електрошокови на мртви стаорци.

Во видеото, тој вели дели дека ги нашол мртвите стаорци на неговиот балкон.

Очекувано, и овојпат се соочи со многу критики, особено од организации за заштита на животни, вклучувајќи ја и PETA.

Па, Јутјуб уште еднаш му забрани да заработува од реклами на платформата.

objavi-video-so-telo-na-mazh-koj-se-samoubil-i-ushte-5-skandali-na-popularniot-jutjuber-logan-pol-08.jpg

Понижување плус-сајз модел

Додека траеше неговата музичка кариера, Логан Пол ја издаде песната No Handlebars за која сними и музички спот.

Во спотот има сцена каде што Логан е седнат на грбот на една девојка и се преправа дека таа е велосипед.

Девојката врз која седи Логан е плус-сајз моделот Елиза Џонсон која подоцна откри дека била истрауматизирана од снимањето.

Во интервју за Psychology Today, таа тврди дека никој не ѝ кажал што всушност ќе треба да снима.

Девојката вели дека снимањето било физички болно, а се чувствувала уште полошо кога го изгледал видеото.

„Се почувствував злоупотребено. Секако, бев засрамена. Кога ни се случува нешто вакво и сме виктимизирани, не го сфаќаме тоа веднаш, само сакаме да го блокираме. Или, се тешиме дека само нам ни изгледа така, дека можеби не се случува ништо лошо“.

Оттогаш видеото е избришано од каналот на Логан.

objavi-video-so-telo-na-mazh-koj-se-samoubil-i-ushte-5-skandali-na-popularniot-jutjuber-logan-pol-09.jpg

Навреди за ЛГБТ заедницата

Во јануари 2019 година, Логан Пол изјави дека неговата новогодишна одлука е „да биде геј еден месец“.

Ова ја разгневи ЛГБТ заедницата и многумина истакнаа дека изјавата на Логан алудира на тоа дека сексуалната определеност е избор – нешто што не е точно.

По бурните реакции, Пол покани неколку припадници од ЛГБТ заедница на интервју, но тие го одбија бидејќи сметаат дека само сака да си ја зголеми популарноста, а не да си ја признае грешката.

objavi-video-so-telo-na-mazh-koj-se-samoubil-i-ushte-5-skandali-na-popularniot-jutjuber-logan-pol-10.jpg

Вознемирување жени во Лос Анџелес

Во 2021 година, на социјалните мрежи почна да се споделува постаро видео на кое Логан видно вознемирува жени во Лос Анџелес.

Во видеото, Логан и уште еден јутјубер – Сем Пепер – „фаќаат“ девојки со ласо и не ги пуштаат додека тие не ги бакнат.

Очекувано, ова ја разгневи јавноста бидејќи сепак станува збор за (сексуално) вознемирување.

Наводно, видеото било направено во 2014 година, а неколку недели по снимањето, другиот јутјубер – Сем – бил под истрага за сексуален напад.

https://twitter.com/MeTubeDoc/status/1401192661520896002

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
Проституција, силувања – Мрачната страна на корејските поп ѕвезди Неколку корејски изведувачи имаат извршено самоубиство, додека некои се обвинети...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg