7 најмоќни и највљубени парови кои се појавија на Греми 2023 (фото)
- Детали
- понеделник, 06 февруари 2023
Бен Афлек и Џеј Ло за првпат се појавија заедно како брачен пар на доделувањето на Греми музичките награди, Парис Хилтон и Картер Реум зачекорија на црвениот тепих само неколку недели откако станаа родители, а Меган Фокс се пожали дека и со скршен зглоб и потрес на мозокот го придружува свршеникот на настанот.
Најзвучните светски имиња во музиката, вчера (05.02) се собраа во Лос Анџелес, САД, каде се одржа доделувањето на Греми музичките награди.
Меган Фокс на забавата што се одржа пред доделувањето на наградите се појави со розова лонгета на раката, додека пак на црвениот тепих одлучи да не го носи помагалото, а на Инстаграм напиша дека и со скршен зглоб и со потрес на мозокот ќе присуствува на манифестацијата.
Засега не се знае како ги добила повредите, но очигледно тие не ја спречија да зачекори заедно со својот свршеник Машин Ган Кели на црвениот тепих.
Во продолжение погледнете дел од највпечатливите парови на Греми 2023:
Б. С. Б. | Црнобело